За насМакедонски Заветници
Нашите корени...Македонски Заветници е проект кој произлегува од двајца студенти на богословие, кои со своите семејства, имаат желба да живеат во согласност со Божјото Слово, Неговите уредби, и своите животи да ги оддадат за слава на Господ Бог.
При проучувањето на Словото, и двајцата сме дошле до исти убедувања, кои не се нови, ами се древни и историски верувања. Исповедаме дека Вестминстерските стандарди се доследни на Библиското учење. Притоа, во нас се вроди желба, тие убедувања да бидат достапни за нашиот македонски народ, на мајчин јазик.
На оваа страна ќе ги најдете соборните, презвитеријанските и реформирани исповеди, коишто можат да бидат од голема корист за запазување на вистината, и заштита од лажните и еретични учења. Исто така, може да најдете секакви статии, проповеди и други ресурси коишто се базирани на реформираното учење.
