БЕЛГИСКА ИСПОВЕД

Член 1: Постои само Еден Единствен Бог.
Член 2: На кој начин го знаеме Бог.
Член 3: За пишаното Божјо Слово.
Член 4: Канонските книги на Светото Писмо.
Член 5: Изворот на достоинство и авторитет на Светото Писмо.
Член 6: Разликата меѓу Канонски и Девтероканонски книги.
Член 7: Доволноста на Светото Писмо, единствено правило на верата.
Член 8: Бог е Едносуштен, а сепак разликуван во три Личности.
Член 9: Доказ во прилог на претходниот член за Тројство на личностите во еден Бог.
Член 10: Исус Христос е вистинскиот и вечен Бог.
Член 11: Светиот Дух е вистинскиот и вечен Бог.
Член 12: За Создавањето.
Член 13: За Божествената промисла.
Член 14: За Создавањето и Падот на човекот, и Неспособноста да чини вистинско добро.
Член 15: За Првобитниот Грев.
Член 16: За Вечниот Избор.
Член 17: За обновата на Паднатиот Човек.
Член 18: За Отелотворувањето на Исус Христос.
Член 19: За единството и разликите на двете Природи во Христовата личност.
Член 20: Бог ја покажа Својата праведност и милост преку Исус Христос.
Член 21: За исполнителноста Христова за нас, нашиот единствен Првосвештеник.
Член 22: За верата во Исус Христос.
Член 23: За Оправданието.
Член 24: За Осветувањето и Добрите Дела на човекот.
Член 25: За поништувањето на Церемонијалниот Закон.
Член 26: За Христовото Застапување.
Член 27: За Соборната Христијанска Црква.
Член 28: Секој е должен да се приклучи на вистинската Црква.
Член 29: За разликите меѓу вистинската и лажната Црква.
Член 30: За Управувањето и Функциите во Црквата.
Член 31: За црковните Служители, Старешини и Ѓакони.
Член 32: За Редот и Дисциплината во Црквата.
Член 33: За Светите Тајни.
Член 34: За Светата Крштевка.
Член 35: За Светата Причест и нашиот Господ Исус Христос.
Член 36: За Државните Власти.
Член 37: За Судниот Ден.

Член 1: Постои само Еден Единствен Бог.

Веруваме со целото свое срце и исповедаме со нашата уста дека има само едно едноставно и духовно Битие наречено Бог, кое е вечно, невосприемливо, невидиво, непроменливо, бесконечно, семоќно, семудро, праведно, добро и непресущен извор на сета добрина.

Член 2: На кој начин го знаеме Бог.

Го знаеме на два начини: Прво, преку создавањето, зачувувањето и владеењето на универзумот. Тие пред нашите очи се како елегантна книга во која сите суштества, мали и големи, имаат специфични улоги кои нѐ водат во размисла за невидивите нешта од Бога, имено, неговата моќ и божественост, како што тоа ни го кажа апостолот Павле во Римјаните 1:20. Сите овие нешта се доволни да ги убедат луѓето и ги остават без изговор. Второ, Тој ни се открива послободно и поцелосно преку неговото божествено Слово, но само онолку колку што е доволно за да го славиме Бога и за наше спасение.

Член 3: За пишаното Божјо Слово.

Исповедаме дека ова Божјо Слово не е испратено, ниту донесено по волјата на човекот, туку свети луѓе пратени од Бога го зборуваа додека беа инспирирани од Светиот Дух, како што ни рече и самиот апостол Петар. Бог со грижа за нас и за нашето спасение им заповеда на своите слуги, пророците и апостолите, да го запишат откровениот збор, а Бог самиот ги напиша со Својот прст двете табели на Законот. Затоа ги нарекуваме таквите списи Свети и Божествени Писма.

Член 4: Канонските книги на Светото Писмо.

Веруваме дека Светото Писмо се содржи во две книги, во Стариот и Новиот Завет, кои се канонски и против кои не може да се спори. Тие се именувани во Црквата Божја.

Книгите во Стариот Завет се петте книги на Мојсеј (Создавање, Излез, Левитска, Броеви, Повторени закони), книгите Исус Навин, Судии и Рута, двете книги Самоилови, двете на Царевите, двете книги Летописи (Паралипоменон), проследени од Ездра и Неемија, Естира, Јов, Давидовите Псалми, трите книги на Соломон, имено, Изреки, Проповедник, и Песна над песните, потоa четирите големи пророци Исаија, Еремија, Плачот, Езекиел и Даниел, завршувајки со дванаесетте помали пророци Осија, Јоил, Амос, Авдиј, Јона, Михеј, Наум, Авакум, Софонија, Агеј, Захарија и Малахија.

Книгите на Новиот Завет се тие на четирите евангелисти Матеј, Марко, Лука и Јован, проследени со апостолските Дела, четиринаесетте писма на апостолот Павле, прво до Римјаните, две до Коринќаните, едно до Галатјаните, едно до Ефесјаните, едно до Филипјаните, едно до Колошаните, две до Солунѓаните, две до Тимотеј, едно до Филимон и едно до Евреите. Потоa се седумте писма на другите апостоли, имено, едно од Јаков, две од Петар, три од Јован, едно од Јуда. Последно е Откровението на апостол Јован.

Член 5: Изворот на достоинство и авторитет на Светото Писмо.

Ги прифаќаме овие книги, и ниедни други, како свети и канонски, за управување, засновање и потврда на нашата вера. Ги веруваме без сомнеж сите нешта содржани во нив, не затоa што Црквата ги прими и одобри, туку поради сведоштвото на Светиот Дух во нашите срца дека тие се од Бога и самите сведочат за себе. Дури и слеп човек може да спознае дека претскажувањата во овие книги се исполнуваат.

Член 6: Разликата меѓу Канонски и Девтероканонски книги.

Ги разликуваме овие свети книги од Девтероканонските 2ра и 3та Ездра, Товит, Jудита, двете книги Макавејски, Мудрост Соломонова, Сирахова, Посланието на Еремија, книгата на Барух, додатоците во Естира, Песната за трите деца во Печката, историјата на Сузана, Вил и Змејот и Манасеевата молитва. Сите овие Црквата може да ги чита и учи, се додека нивните толкувања се во примарна согласност со канонските книги. Девтероканонските се далеку од моќта и дејственоста на канонските книги за потврда на нашата вера или Христијанската религија, ниту пак можат да одземат од авторитетот на канонските свети книги.

Член 7: Доволноста на Светото Писмо, единствено правило на верата.

Веруваме дека Светото Писмо целосно ја содржи Божјата волја и задоволително учи сѐ што е потребно за спасението на човекот. Бидејќи во него е запишано сѐ што Бог бара од нас за Негово обожување, забрането е секому, вклучувајќи и апостол, да учи спротивно на тоа што Светото Писмо го поучува. Апостол Павле рече дури и ангел од небото не смее да учи спротивно. Самата забрана било што да се додаде или одземе од Божјата реч укажува дека таа е совршена и завршена во секоја смисла.

Ниту ги цениме писанијата од луѓето како еднакви на Светото Писмо, независно колку се овие луѓе свети, ниту пак споредено со обичаи, популарни верувања, древни верувања, знаења пренесени од колено на колено, совети, декрети или статути. Ништо не е еднакво на вистината Божја, зашто вистината е над сѐ, а сите луѓе се по природа лажливци и посуетни од самата суета.

Затоа, со целото свое срце го отфрламе сѐ што не се усогласува со ова непогрешиво правило, за кое апостолите не поучија, говорејќи, Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку проверувајте ги духовите дали се од Бога. Тие исто така кажаа, Кој доаѓа кај вас и не го носи тоа учење, таквиот не го примајте во вашиот дом и не го поздравувајте.

Член 8: Бог е Едносуштен, а сепак разликуван во три Личности.

Согласно оваа вистина и Словото Божјо, веруваме во еден и единствен Бог, од една суштина, во три личности, вистински и вечно засебни, спрема нивните неискажливи својства, кои се Отецот, Синот и Светиот Дух. Отецот е причината, потеклото и почетокот на сите нешта видливи и невидливи. Синот е словото, мудроста и ликот на Отецот. Светиот Дух е вечната моќ и сила, кој произлегува од Отецот и Синот. Сепак Бог не е во оваа засебност поделен на три дела, бидејќи Светото Писмо нè учи дека Отецот, Синот и Светиот Дух имаат своја личност и засебни својства, но сите три личности се еден и единствен Бог. Следствено, очигледно е дека Отецот не е Синот, ниту е Синот Отецот, а ни Светиот Дух не е ни Отецот ниту Синот. Во секој случај, овие личности се засебни, но не поделени, ниту измешани, бидејќи Отецот не се отелотвори, ниту пак Светиот Дух, туку само Синот. Отецот никогаш не бил без Неговиот Син или неговиот Свет Дух. Тие сите Троица се совечни и сосуштествени. Нема ниту прв, ниту последен, зашто се трите еден, во вистина, моќ, сила, добрина и милост.

Член 9: Доказ во прилог на претходниот член за Тројство на личностите во еден Бог.

Сето ова го знаеме од сведоштвата во Светото Писмо, од Нивните дејства и тоа што го чувствуваме во себе. Сведоштвата на Светото Писмо кои не учат за Светото Тројство, се напишани во многу места низ Стариот Завет, но нивната бројност не е значајна како што е нивното распознавање и разбирање. Во Создавање 1:26, 27 Бог рече: Да создадеме човек според Нашиот образ, според Нашето подобие како што сме Ние, кој ће биде господар над морските риби, над небеските птици, и над добитокот – над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата! И Бог го создаде човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде. А во Создавање 3:22 рече: Ете, Адам стана како еден од Нас. Од овие зборови “Да создадеме човек според Нашиот образ“, гледаме дека има повеќе од една личност во Божеството. А кога вели “Бог го создаде“ го гледаме единството на Бог. Вистина е дека иако не се покажува јасно бројот на личностите низ Стариот Завет, во Новиот тоа секако ни е откриено.

Кога нашиот Господ беше крстен во реката Јордан, гласот на Отецот се чу: и Светиот Дух слезе на Него во телесен облик, како гулаб, и се слушна глас од небото, кој велеше: Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја. Овој белег е исто така воспоставен од Христос преку крштевката на сите верници. Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух. Во Евангелието по Лука, ангелот Гаврил и се обрати на Марија, мајката на нашиот Господ: Светиот Дух ке слезе на тебе и силата на Севишниот ке те осени; па затoa и роденото ке биде свето и ке се нарече Син Божји.

Исто така е речено: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога и Отецот и заедништвото на Светиот Дух нека бидат со сите вас. Амин! Зашто Тројца се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух; и овие Тројца се едно. Во сите овие места сме поучени дека има три личности во една божествена сушност. Иако ова учење го надминува секое човечко разбирање, тоа не е за нас препрека, зашто ние веруваме преку Божјото Слово, со исчекување да знаеме посовршено кога ке сме на Небесата.

Исто така мора да ги испочитуваме трите засебни улоги и дејства на Тројството кон нас. Отецот по Својата моќ е наречен наш Создавател, Синот по Својата крв е наш Спасител и Искупител, а Светиот Дух по Своето присуство во нашите срца е нашиот Осветител. Ова учење за Светото Тројство отсекогаш е брането и одржувано од вистинската Црква, уште од времето на апостолите, па се до овој ден против Евреите, Муслиманите и лажните Христијани, еретиците како што се Маркион, Манес, Праксеас, Сабелиј, Павле Самосатски, Ариј и слични, кои се праведно осудени од православните отци. Затоа, во овој момент ги прифаќаме трите символи на верата, имено Апостолскиот, Никејскиот и Атанасовиот, кои се прифатени од древните отци.

Член 10: Исус Христос е вистинскиот и вечен Бог.

Веруваме дека Исус Христос, по Својата божествена природа, е единородниот Син Божји, роден од вечноста, ниту направен, ниту создаден (инаку би бил обично суштество), туку сосуштествен и совечен со Отецот, израз на Неговата личност, блесок на Неговата слава, еднаков со Него во сите нешта. Тој е Синот Божји, не само од времето кога се отелотвори, туку од целата вечност, како што сведоштвата споредени едни со други нè учат.

Мојсеј кажа дека Бог го создаде светот, а Јован кажа дека сите нешта се создадени од Словото, кое се нарекува Бог. Потоa апостолот кажа дека Бог ги создаде световите преку Неговиот Син, па така Бог создаде сѐ преку Исус Христос. Затоa нужно мора да следи дека тој што се нарекува Бог, Словото, Синот и Исус Христос, веќе постоеше во времето кога Тој сѐ создаде. И пророкот Михеј кажа, Неговите дела се од правекот и от вечноста. И апостолот додаде, Тој немаше ниту почеток на дните, ниту крај на животот. Тој е затоa вистинскиот, вечен и Вседржателен Бог, на кого се повикуваме, го обожуваме и служиме.

Член 11: Светиот Дух е вистинскиот и вечен Бог.

Веруваме и исповедаме дека Светиот Дух, од вечноста, произлегува од Отецот и Синот. Следствено Тој не е ниту направен, создаден, ниту роден, туку произлегува од Двајцата, како трет по редослед во Светото Тројство, од иста суштина, величественост и слава со Отецот и Синот. Затоa Тој е вистински и вечен Бог, како што нѐ учи Светото Писмо.

Член 12: За Создавањето.

Веруваме дека Отецот, преку Словото, односно преку Својот Син, од ништо ги создаде небесата, земјата и сите существа онака како што Тој одреди дека е добро, и на секое суштество му даде суштина, облик, форма и повеќе улоги во служба на својот Создавател. Тој продолжува да ги опстојува и владее преку Својата вечна промисла, неограничена моќ, во служба на човештвото, а со конечна цел човекот да му служи на Бог.

Тој исто така ги создаде ангелите добри, да бидат Негови гласници и во служба на Неговите одбрани. Некои од нив се паднати од таа возвишена служба дадена од Бога, влезени во вечен бунт, а другите продолжуваат верно да ја служат нивната примарна улога. Ѓаволите и злите духови се толку распани што се непријатели на Бог во секое добро нешто, со сета своја моќ, како убијци злобно заговарајќи, посветени се на уништувањето на Црквата и на секоj нејзин член. Поради оваа нивна злоба, пресудено им е вечно проклетство и се во секоjдневно исчекување на страшните маки што им следат.

Затоа ние го отфрламе и презираме ересот на Садукеите кои го негираа постоењето на духови и ангели, но и на Маникејците, кои тврдат дека ѓаволите потекнуваат самите од себе, со сопствена злобна природа, а не како резултат на корупција.

Член 13: За Божествената промисла.

Веруваме дека истиот Бог кој ги создаде сите нешта, не ги напушти да се водени од срека и шанса, туку ги владее спрема сопствената света волја, за ништо на овоj свет да не се случи без негова одредба. Сепак Бог ниту е автор на гревот, ниту може да биде обвинет за извршувањето на истиот. Божјата моќ и добрина е толку голема и непоjаснива, што Toj ги обавува сите Свои дела совршено и праведно дури и кога ѓаволите и луѓето деjствуваат неправедно.

Со оглед на нашата човечка ограниченост за разбирање, нема љубопитно да задираме понатака од нашиот капацитет, но со наjголема понизност и почит ke ги величаме сите Божји одлуки кои се скриени од нас, задоволни како ученици на Христос, да го научиме само она што Бог ни го откри со своето Слово, не преминуваjки ги овие граници. Ова учење ни дава неискажлива утеха знаejки дека ништо не ни се случува без Божјата промисленост на нашиот Отец, коj родителски грижливо нe чува, сите суштества опстоjуваjки ги под Своjата моќ, ни едно влакно (од сите на броj) да не ни фали на главата, ниту врабец да падне на земjата, а да не е по волja на Отецот во кого целосно веруваме. Уверени сме дека Toj ги држи под контрола ѓаволите и сите наши непријатели да не можат без негова волja и дозвола да нe повредат.

Затоа ние ја отфрламе проколетата ерес на Епикурејците кои велат дека Бог е отсутен и препушта сѐ на обична шанса.

Член 14: За Создавањето и Падот на човекот, и Неспособноста да чини вистинско добро.

Веруваме дека Бог го создаде човекот од земјата и го оформи по Својата лика и прилика, добар, праведен и свет, способен по волја за сите нешта, согласен со волјата Божја. Но тој не разбирајки ја овaa чест и совршеност, слушајќи ги лагите на ѓаволот, по сопствена волја стана слуга на гревот и како негова последица умре со проклетство. Тој ја прекрши животната заповед што ја прими, одвојувајќи се од Бога како негов вистински живот, завршувајќи со целосно распадна природа, подложен на телесна и духовна смрт.

И така станувајќи злобен, изопачен и распаднат во сите свои делувања, ги изгуби величествените дарови од Бога, имајќи само мал остаток од нив, доволен да го остават човекот без изговор. Целата светлина што беше во нас се престори во темнина, како што Светото Писмо нѐ учи, Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати, каде Св. Јован ги нарекува луѓето темнина. Затоа ги отфрламе учењата спротивни на ова, бидејќи човекот како слуга на гревот нема слободна волја и нема ништо од себе што не му е дадено од небесата. Кој може да се фали дека самиот од себе чини добро, кога Христос кажа: Никој не може да дојде кај Мене, ако не го привлече Отецот, Кој Ме прати? Кој може да ја велича својата волја ако разбере дека телесниот ум е во непријателство со Бог?

Кој може да се фали со знаење кога Телесниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух? Накратко, кој се осудува било што да промисли, ако знае дека во целост сме недоволни самите од себе да смислиме за себе, туку нашата доволност доаѓа од Бога? Следствено треба да се придржуваме до кажаното од апостолите дека Бог работи во нас за Неговото сопствено задоволство. Нема ниту волја, ниту разбирање во човекот прилагодливо на божествената волја и разбирање, а да не е овозможена од Христа. Тој рече, Без мене не можете ништо.

Член 15: За Првобитниот Грев.

Веруваме дека преку непослушноста на Адам првобитниот грев во целост ја расипа човечката природа, продолжувајќи како наследна болест, присутна дури и во новороденчето пред да ja напуштат матката, како корен предизвикувајќи ги во човекот сите останати можни гревови. Затоa првобитниот грев е толку одвратен во очите на Бога, што е доволен за осуда на целото човештво на пропаст. Ниту крштевката не може да нѐ исчисти, бидејќи гревот секогаш повторно ће вирее од својот мизерен корен, како што водата извира од изворот. Но Бог го простува овој грев на своите чеда без осуда, од милост и дарежливост, не со цел тие да опстојуваат во грев, туку преку спознавањето на својата грешност да им даде желба со издишка да бараат искупување од ова тело на смртта.

Затоa ние го отфрламе ересот на Пелагијците кои тврдат дека гревот се шири само преку имитација од еден на друг.

Член 16: За Вечниот Избор.

Веруваме дека на Адамовото потомство, паднато во пропаст и проклетство поради првобитниот грев на нивните родители, Бог се откри таков како што е, милосрден и праведен. Милосрден затоa што ће ги спаси и очува од пропаст сите оние кои, по својот вечен и непроменлив совет на неизмерна добрина, а не по нивните дела, ги одбра во Исус Христос нашиот Господ. Праведен е затоa што ће ги остави другите во падот и пропаста каде самите навлегоa.

Член 17: За обновата на Паднатиот Човек.

Веруваме во нашиот семилостив Бог, кој во Својата мудрост и добрина, гледајќи дека човекот западна во времена и вечна смрт, но и целосна мизерија, сакаше да го побара и утеши, додека тој потресен бегаше од Неговото присуство. Бог вети дека ће го даде сопствениот Син, кој ће се роди од жена, ће ја смачка главата на змијата и ће го направи човекот повторно среќен.

Член 18: За Отелотворувањето на Исус Христос.

Исповедаме дека Бог го исполни Своего ветување, дадено на нашите татковци низ устата на Неговите пророци пратени во светот, во времето кое Тој го предодреди, преку Својот единороден Син. Тој ја зеде формата на човек и стана како човек, присвојувајќи ја вистинската човечка природа со сите нејзини слабости, со исклучок на гревот, зачнат во матката на благословената Дева Марија од моќта на Светиот Дух, но без потреба од маж. Тој не само што навистина ја присвои човечката природа, туку и човечката душа, како би бил навистина човек. Бидејќи во падот се изгубени и човечкото тело и душа, Тој мораше да ги присвои двете за да ги спаси истите.

Затoa исповедаме (спротивно на ересот на Анабаптистите што одрекуваат дека Христос присвои човечко тело од Својата мајка) дека Христос стана учесник во телото и крвта на децата човекови. Тој е во телото плод на слабините Давидови, направен од семето телесно Давидово, плод на матката на Девицата Марија, направен од жена од родот на Давид, фиданка од корените на Jесеј, изникнат од племето на Јуда, наследник на Евреите по телото. Тој е од семето Аврамово, а бидејќи го присвои на себе семето Аврамово, Тој стана како Неговите браќа во сите нешта, со исклучок на гревот, за да навистина биде нашиот Емануел, што значи Бог е со нас.

Член 19: За единството и разликите на двете Природи во Христовата личност.

Веруваме дека поради зачнувањето, личноста на Синот е неразделно обединета и поврзана со човечката природа, следствено не постојат два Божји Сина, ниту две личности, туку две природи обединети во една личност, одржувајќи ги засебните својства на двете природи. Како што божествената природа отсекогаш била несоздадена, без почеток на дни или крај на живот, исполнувајќи ги небето и земјата, исто така и човечката природа не ги губи својствата, туку останува резултат на создавање, од конечна природа, задржувајќи ги сите својства на вистинско човечко тело.

Иако преку воскреснувањето Тој го обесмрти телото, човечката природа на истото остана непроменета со оглед што нашето спасение и воскресение зависи од реалноста и вистинитоста на Неговото тело. Но овие две природи се толку блиско соединети во една личност, што дури и ни Неговата смрт не ги раздвои. Затоа при својата смрт, Тој во рацете на Својот Отец го предаде Својот вистински човечки дух, кој го напушти Неговото тело. Во меґувреме, Неговата божествена природа останува соединета со човечката, дури и кога е положен во гробницата. Божеството не прекина да биде во него, исто како што не прекина и кога беше доенче, иако привремено јасно не се прикажа.

Затоа исповедаме дека Тој е навистина Бог и навистина Човек. Вистински Бог по Својата моќ да ја совлада смртта, а вистински човек за да може да умре за нас поради слабостите на Неговото тело.

Член 20: Бог ја покажа Својата праведност и милост преку Исус Христос.

Веруваме дека Бог, кој е совршено милостив и праведен, го прати Својот Син да ја присвои природата во која се случи непослушноста, да биди исполнител кон Бога во истата и да ја претрпи казната за гревовите во ужасна страст и смрт. Бог затоа ја прикажа својата праведност преку Својот Син, кога го положи сего наше беззаконие врз него, а ги истури Својата милост и добрина врз нас. Ние кои сме виновни и вредни за проклетство, Тој од чиста и совршена љубов, давајќи го сопствениот Син да умре за нас, воскреснувајќи го за наше оправдување, преку Него ни даде бесмутност и вечен живот.

Член 21: За исполнителноста Христова за нас, нашиот единствен Првосвештеник.

Веруваме дека Исус Христос е ракоположен со заклетва да биде вечен Првосвештеник по редот на Мелхиседек. Тој се понуди себеси во наше име пред Отецот за да се смири и задоволи целосно неговиот гнев, преку страдањето на крстот и пролевањето на Неговата драгоцена крв за чистење на нашите гревови, како што и пророците претскажаа. Напишано е: А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме. Тој беше донесен како јагне на колење, вброен во престапниците и осуден од Понтиј Пилат како злонамерник, иако најпрво го прогласи за невин. Така Тој го врати она што самиот не го зеде, и ја претрпе, праведен за неправеден, во неговото тело како и во неговата душа, страшната казна што ја заслужија нашите гревови. Неговата пот како капки крв паѓаше на земјата. Тој заплака “Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?“, страдајќи за простувањето на нашите гревови.

Затога едногласно со апостолот Павле правилно кажуваме: не знам меѓу вас ништо друго освен за Исус Христос, и тоа – Распнатиот. Нема добивка туку само загуба вон совршеноста на знањето на Исус Христос нашиот Господ, во чии рани ја наоѓаме секоја потребна утеха. Ниту е потребно да се бара или измислува поинаков начин за помирување кон Бога, зашто преку Неговата жртва еднаш дадена, верниците се усовршени засекогаш. Од овaa причина Тој беше именуван од ангелот Божји како Исус, што значи Спасител, зашто Тој ке ги спаси своите од нивните гревови.

Член 22: За верата во Исус Христос.

Веруваме дека за да стекиеме вистинско спознавање на овва голема мистерија, Светиот Дух запламти во нашите срца правилна вера, која го прифаќа Исус Христос заедно со сите негови заслуги, го присвојува и не бара ништо повеќе од Него. Затoa нужно следи дека или сите нешта потребни за наше спасение не се во Исус Христос, или сè е во Него, па така тие што го присвоиле Исус Христос преку вера, го комплетирале своето спасение во Него. Следствено, било кое тврдење дека Христос не е доволен, туку треба нешто повеќе освен Него за спасение, претставува одвратно богохуление бидејќи го прави Христос половичен Спасител.

Затoa едногласно со апостолот Павле правилно кажуваме дека сме оправдани само преку вера, т.е. преку вера без нашите дела. Но да се изразиме појасно, не тврдиме дека верата сама по себе нè оправдува, туку таa е единствениот инструмент преку кој го присвојуваме Христос како наша Праведност. Исус Христос ни ги доделува неговите заслуги и многите свети дела, завршени за нас и меѓу нас, како наша Праведност. Верата е единствениот инструмент кој држи во заедништво со Него во сите негови благодети, кои станувват наши и се повеќе од доволни да нè искупат за гревовите.

Член 23: За Оправданието.

Веруваме дека нашето спасение се содржи во простувањето на гревовите заради Исус Христос и во тоa се подразбира нашата правда пред Бога. Како што Давид и Павле нè поучуваа, радост е кога Бог го оправдува човекот без никакви негови дела. Истиот апостол кажа дека сме оправдани преку дар, со Божјата благодат, а преку откупот во Исус Христос. Затoa секогаш цврсто се држиме до овие вистини како темел, припишувајќи ја сета слава на Бога, понизувајќи се себеси пред Него, признавајќи искрено во каква состојба сме, не ослонувајќи се на ништо наше, не земajќи никаква наша заслуга, туку имајќи целосна доверба и оддишка во послушноста на распнатиот Христос, која преку вера во Него станува и наша послушност. Ова е доволно да ги покрие нашите беззаконија и да ни даде доверба да пристапиме при Бога, ослободени од стравот и ужасот во нашата совест, спротивно од постапката на нашиот прв отец Адам, кој тресејќи се ја покриваше со смоквини лисја својата голотија. Навистина, ако треба да се појавиме пред Бога ослонувајќи се на себе или некое друго создадено битие, макар и во најмала рака, треба потполно да изгориме. Затоа секој треба да се моли заедно со Давид: О Господи, не стапувај во суд со Твојот слуга, зашто пред Тебе нема да се оправда ниту еден од живите.

Член 24: За Осветувањето и Добрите Дела на човекот.

Веруваме дека овaa вистинска вера, остварена во човекот преку слушање на Божјото Слово и делувањето на Светиот Дух, го обновуваат и создаваат новиот човек, кој ће води нов живот ослободен од оковите на гревот. Затоа нема поголема невистина од тврдењето дека оправдувањето преку верата ги прави луѓето да отстапат од воденье на побожен и свет живот. Напротив, без тоа тие нема никогаш да направат нешто од љубов кон Бога, туку само од љубов кон себе или страв од проклетство. Следствено, невозможно е овaa светa вера да остани бесплодна во човекот. Ние не зборуваме за бесполезна вера, туку за верата повикана во Светото Писмо, која работи преку љубов, која го радува човекот кога ги прави добрите дела заповедани од Бога во Неговото Слово. Овие добри дела виреат од корените на вистинската вера и се прифатливи пред Бога, осветени од Неговата милост, но тие не се водат како допринос кон нашето оправдување. Само преку верата во Христос сме оправдани, дури и пред да направиме некакво добро дело. Во спротивно тие нема да се добри дела, зашто ако дрвото не е добро, нема да е ни плодот. Ние чиниме добри дела не за да имаме некаква заслуга (што би заслужиле од нив?), туку ние сме должни на Бога за добрите дела кои ги вршиме, а не Тој на нас. Бог е Тој што работи во нас за да сакаме да го вршиме она што е богоугодно.

Затоа, да се придржуваме до реченото: кога ће ги сторите сите работи што ви се заповедани, кажете, ние сме бескорисни слуги, ние само сторивме тоа што ни е должност. Во меґувреме, не негираме дека Бог ги наградува нашите добри дела, но само преку Неговата милост Тој ги круписува Неговите дарови. Згора на тоа, иако чиниме добри дела, ние не го засноваме нашето спасение на нив, зашто не можеме да направиме дело кое не е загадено од нашето тело, следствено заслужно за казна. Дури и да чиниме добри дела за наше спасение, доволно е Бог да памети еден наш грев за да ги отфрли истите во целост. Како последица секогаш ће сме во сомнеж за нашето спасение, фрлани лево десно без никаква сигурност, а нашата бедна совест постојано ће е ожалостена, не ослонувајќи се на заслугите, страдањата и смртта на нашиот Спасител.

Член 25: За поништувањето на Церемонијалниот Закон.

Веруваме дека церемониите и символите на Законот прекинаа со доаѓањето Христово и сите прикриени значења се исполнети, следствено тие се укинати кај Христијаните. Но нивната вистина и суштина останува со нас преку Исус Христос, во кого тие се комплетирани. Во међувреме, продолжуваме да ги користиме сведоштвата од законите и пророците за потврда на учењата на евангелието и да ги водиме нашите животи чесно, за слава Божја и по Негова волја.

Член 26: За Христовото Застапување.

Веруваме дека нема друг пристап до Бога освен преку Посредникот и Застапникот Исус Христос Праведниот, кој стана човек обединувајќи ги во една личност божествената и човечката природа, за да можат луѓето да имаат пристап до божественото Величество кое ни е поинаку забрането. Но овој Посредник, кој Отецот го назначи да биде помеѓу Него и нас, не треба воопшто да не плаши или одбие за да бараме некој друг, зашто не постои суштество на небото или на земјата кое не сака повеќе од Исус Христос. Тој иако беше во лик на Бог, се понизи целосно и присвои лик на човек и стана слуга за нас, станувајќи како неговите браќа во сите нешта. Ако бараме друг Посредник кој има срце за нас, зарем друг ће не сака повеќе од Тој што го даде својот живот за нас, дури и кога бевме Негови непријатели? И ако бараме некој што има моќ и величественост, зарем има некој друг што седи од десната страна на Отецот, со Вседржателност над небото и земјата? И кој посуро ће биде чуен од Бога отколку Неговиот сопствен сакан Син Божји?

Затоа, како резултат на недоверба се изроди овва пракса на чествување на мртвите светци, нешто што не било претходно пракса кај нив, ниту беше барано, туку напротив строго беше отфрлено во нивните писанија. Не треба ни да апелираме со нашата недостојност, зашто знаеме дека не се молиме на Бога поради наша достојност, туку од совршеноста и достојноста на нашиот Господ Исус Христос, чија праведност ја присвојуваме со вера. Апостолите со цел да го отфрлат овој глупав страв, поточно недоверба од наша страна, праведно кажаа, Тој мораше во сѐ да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите на народот. Бидејќи самиот претрпе искушенија и страдања, Тој умее да ги потпомогне тие што се во искушение и да нѐ охрабри. Знаејќи дека имаме таков голем Првосвештеник горе во небесата, Исус Синот Божји, ајде да се држиме цврсто во нашата исповед. Зашто, ние немаме првосвештеник кој не може да се допре со чувството на нашите слабости; но во сите точки беше искушуван како нас, а сепак без грев.

Затоа, ајде храбро да се приближиме до престолот на милоста за да добиеме милост и помилување во моменти на потреба. Истиот апостол рече, Затоа да пристапиме со искрено срце, во полна вера и т.н. Исто така, Христос има непроменливо свештенство, каде е способен да ги спаси до крај сите што доаѓаат при Бога преку Него, бидејќи Тој вечно посредува за нив. Зарем е нешто повеќе од ова неопходно? Самиот Христос кажа, Jas сум Патот, Вистината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене. Со која цел би барале друг застапник, кога Бог е задоволен да ни го даде сопствениот Син за застапник? Да не го напуштаме за некој друг, поточно да не бараме друг, без да го најдеме Него, зашто Бог добро знаеше кога ни го даде дека бевме грешници. Така по заповедта Христова, се повикуваме на небескиот Отец преку Исус Христос, нашиот Посредник, како што сме поучени во Исусовата молитва, уверени дека ће го добиеме тоа што го бараме од Отецот во Негово име.

Член 27: За Соборната Христијанска Црква.

Веруваме и исповедаме една соборна и универзална Црква, која е свет собир на вистинските Христијански верници, сите што се во исчекување на спасение преку Исус Христос, измиени со неговата крв, осветени и запечатени од Светиот Дух. Оваа Црква постои од почетокот на светот и ће продолжи до неговиот крај, а ова го знаеме затоа што Христос е вечен Цар и за тоа има свои поданици. Оваа света Црква е очувана и помогната од Бога против гневот на целиот свет. Иако на моменти таa на луѓето им изгледа како много мала, речиси ништожна, знаеме како во тешките времиња под Ахаб, Бог си остави за себе седум илjади луѓе кои не се поклонија пред Баал.

Понатака, оваa светa Црквa не е сведенa и ограниченa на одредени места или луѓе, туку е послана и растуренa низ целиот свет, а сепак е поврзана и соединетa со срце и волja, преку мokтa на верата и единот единствен Дух.

Член 28: Секој е должен да се приклучи на вистинската Црква.

Веруваме дека овоj свет собир е збир на сите што се спасени, па затоa не постои спас надвор од него, за ниеден човек да не се издвои надвор од него и да живее самостоjно, туку сите се должни да приклучат и соединат себеси во него. Тие се должни да го одржуваат единството на Црквата, покоруваjќи се на учењата и дисциплината на истата, виткаjќи го вратот под jаремот Христов, заедно како делови од истото тело да служат за наградување на браќата, секој спремa дарбата што им е даденa од Бога.

За ова поефективно да се спроведи, должност е на секој верник спремa зборот Божjи, да се издвои од тие што не и припаѓаат на Црквата и да се соединат со овоj собир, било каде што Бог го створил, дури и ако државните власти се против тоa. Да, дури и по цена на смрт или телесна казна. Затоa, сите што ke се одвоjaт од Црквата или не се соединат со неa, делуваaт спротивно на заповедите Божjи.

Член 29: За разликите меѓу вистинската и лажната Црква.

Веруваме дека треба вредно и внимателно да се спознае со помош на Словото Божjо коja е вистинската Црквa, затоa што сите секти низ светот го присвоjуваaт за себе името на Црквата. Тука не зборуваме за лицемерите кои се измешани во Црквата заедно со добрите верници, туку за тие надвор од неa. Телото и заедништвото на вистинската Црквa треба да се разликува од сите секти кои се нарекуваaт себеси Црквa. Одликите по кои се познава вистинската Црква се познати и тие се следните: проповедано е чистото учење на евангелието, послужени се светите тајни дадени од Христа, во пракса е спроведуването црковна дисциплина за казнување на гревовите. Накратко, сите нешта се спроведени по учењето од Божјото Слово, а сите нешта спротивни на истото се отфрлени и Исус Христос е признаен за единствена Глава на Црквата. Следствено, вистинската Црква може да се распознае од останатите и никој верник нема право да се издвои од истата.

За спознавање на членовите на Црквата, тие ги имаат следните одлики како Христијани: нивната вера, по прифаќањето на Исус Христос како нивен Спасител тие избегнуваат да грешат, следат праведни патишта, го сакаат единствениот вистински Бог и нивниот ближен, не вртејќи се лево или десно, го распнуваат телото заедно со неговите дела. Но ова не значи дека во нив нема големи слабости, туку дека тие се борат против нив преку Светиот Дух во сите дни од својот живот, континуирано барајќи спас во крвта, смрта, страста и послушноста на нашиот Господ Исус Христос, во кого тие имаат простување на гревовите преку верата во Него.

Лажната Црква си припишува себеси повеќе авторитет од нејзините уредби од Божјото Слово што дозволува и не се покорува под јаремот на Христос. Ниту таa ги служи светите тајни како што Христос назначи во неговото Слово, туку додава или одзема од нив како што самата ће расуди. Таa се ослонува повеќе на луѓе отколку на Христа и ги прогонува тие кои водат свет живот по Словото Божјо и ја укоруваат за нејзините грешки, алчност и идолатрија.

Овие две Цркви лесно се распознаваат една од друга.

Член 30: За Управувањето и Функциите во Црквата.

Веруваме дека вистинската Црква мора да се владее по духовна уредба која нашиот Господ ја учи преку Словото, имено дека мора да постојат служители или пастири кои го проповедаат Божјото Слово и ги служат светите тајни, како и старешини и ѓакони кои заедно со пастирите го формираат совет на Црквата. На овој начин вистинската религија е очувана и вистинското учење секаде е пропатирано, но и престапниците се казнувани и воздржани на духовен начин, а сиромашните и тие што страдаат се помогнати и утешени спрема нивните потреби. Вака сѐ се одвива внатре во Црквата со добар поредок и чесност, кога веродостојни луѓе се одбрани спрема правилата дадени од Св. Павле во неговото Писмо до Тимотеј.

Член 31: За црковните Служители, Старешини и Ѓакони.

Веруваме дека служителите на Божјого Слово заедно со старешините и ѓаконите треба да се избираat за нивните функции по законот за избори во Црквата, кој се повикува на името Господово, а по поредокот кој го учи Словото Божјо. Затоа не треба никој непристојно да се наметнува, туку трпеливо да го чека моментот кога Бог милува да го повика, така што ће имаат сведоштво за овој повик и ће бидат сигурни и уверени дека е од Бога.

Служителите на Божјого Слово имаат еднаква моќ и авторитет каде и да се, бидејќи сите заедно се служители Христови, кој е единствениот универзален Епископ и единствената Глава на Црквата. Згора на тоа, овва света уредба на Бог не смее да се повреди или обезвредни, туку треба секој колку што може да ги уважува служителите на Божјого Слово и старешините на Црквата, пред сѐ заради нивниот труд, да не им противречат, контрираат или да ги презираат.

Член 32: За Редот и Дисциплината во Црквата.

Во меґувреме веруваме дека е корисно и добротворно тие што ја владеат Црквата да воспостават меґусебни уредби за одржување на телото на Црквата. Сепак треба да внимаваат да не отстапат од нештата воспоставени од Христос нашиот Господар. Затоа ги отфрламе сите човечки иновации и закони кои се додадени во обожувањето на Бога како обврска и принуда врз совеста на било кој начин. Следствено го признаваме само она што придонесува кон согласност и единство, држејќи ги сите луѓе во покорност на Бога. За овва цел потребно е екскомуницирането како дел од црковната дисциплина, со неколкуте околности што му припаѓаат, а согласно ученето на Словото Божјо.

Член 33: За Светите Тајни.

Веруваме дека нашиот милостив Бог, поради нашата слабост и несигурност, ни ги додели светите тајни (сакраменти) како печат на даденото ветување и доказ за неговата добра волја и милост кон нас, но и за исхрана и зацврстување на нашата вера. Тој ги поврза светите тајни со Словото на евангелието, за подобро да претстави на нашите сетила тоа што е кажано преку Словото и тоа што внатрешно работи во нашите срца, давајќи ни потврда и уверување за нашето спасение. Тие се видливи знаци и печати на внатрешните и невидливи нешта, со кои Бог работи во нас преку моќта на Светиот Дух. Затоа знаците не се бесполезни или безначајни па да не измамат. Исус Христос е вистински претставен во нив, без кого тие би биле безвредни.

Згора на тоа, ние сме задоволни со бројот на свети тајни кои Христос нашиот Господ ги воспостави. Тие се само две, имено, сакраментот на крштевката и причеста на светците во името на Господ Исус Христос.

Член 34: За Светата Крштевка.

Веруваме и исповедаме дека Исус Христос, кој е крајот на законот, стави крај преку пролевањето на Својата крв, како што никој друг и ниедна друга човечка крв не може, за искупување и задоволување за нашите гревови. Тој ставајќи крај на обрезувањето, кое беше со пролевање на крв, го замени со светата крштевка, преку која сме примени во Божјата Црква, издвоени од сите други луѓе и туѓи религии, за да можеме во целост да му припаѓаме само Нему, чиј знак и барјак го носиме. Крштевката служи како сведоштво до нас дека Господ вечно ће биде нашиот милостив Бог и Отец.

Затоa тoj заповеда на сите што се Негови, да се крстат со чиста вода, во името на Отецот, Синот и Светиот Дух, означувајќи ни дека како што водата ги измива нечистотиите на телото, така крвта Христова преку мokта на Светиот Дух нè попрекува внатре во душата и ги чисти нашите гревови, нè обновува да не сме деца на гневот Божји, туку деца на Бог. Ова не е резултат на самата вода, туку од попрекувањето со драгоцената крв на Синот Божји, кој е нашето Црвено Море преку кое мора да преминиме и избегаме од тиранијата на Фараонот, кој е вечност fаволот, за конечно да влеземе во духовната земја Хананска.

Служителите ги послужуваат светите тајни, давајќи го тоa што е видливо, но нашиот Господ го дава тоa што тие го означуваат, имено даровите на невидливата милост, миењето, чистeњето и отстранувањето на сета неправедност од нашата душа, обновувајќи ги нашите срца, исполнувајќи ги со утеха, давајќи ни вистинска сигурност во неговата татковска добрина, ставајќи го новиот човек и оставајќи го стариот човек и сите негови дела.

Затоa веруваме дека секоj човек коj искрено сака да добие вечен живот, треба еднаш и само еднаш да се крсти со оваa светa крштевка, никогаш повторувајќи ja истата, затоa што не можеме да се родиме два пати. Оваa крштевка не ни користи само привремено кога се потураме со вода, туку и низ целиот живот.

Од таa причина го презираме ересот на Анабаптистите, кои не се задоволни со една единственa крштевка, туку ja осудуваат крштевката на доенчињата од родителите верници, за кои веруваме дека треба да се крстат и обележат со печатот на заветот, исто како што беше обрежувањето на децата во Израел, стекнувајќи ги истите ветувања и за нашите деца. Навистина Христос ja пролеa Својата крв и за измивање на гревовите во децата на верниците, исто како и каj возрасните. Затоa тие треба да го добијат белегот и сакраментот на тоa што Христос го направи за нив, како што Господ заповеда во законот, давајќи жртвено јагне за новороденчето, што претставуваше сакрамент на Исус Христос. Згора на тоa, она што беше обрежување за Евреите, тоa е крштевката за нашите деца. Од оваa причина Павле го нарекува крштевањето како наше обрежување во Христа.

Член 35: За Светата Причест и нашиот Господ Исус Христос.

Веруваме и исповедаме дека нашиот Спасител Исус Христос ја назначи и воведе светата тајна на светата причест, за да ги храни и испомогне тие што се веќе повторнородени и да ги соедини во едно семејство, а тоа е Црквата.

Тие што се новородени имаат во нив двоен живот, еден телесен и привремен, кој го имаат од првата рожба сродна на сите луѓе, а другиот е духовен и небески, кој е даден со втората рожба, воспоставен од зборовите на евангелието, во заедништвото на телото Христово. Овој втор живот не е обичен туку специфичен за одбраните од Бога. На сличен начин Бог ни даде за испомош на телесниот и земен живот обичен нормален леб, кој е од корист на сите луѓе како и животот воошто. Но за поддршка на духовниот и небески живот во верниците, ни даде жив леб симнат од небесата, имено самиот Исус Христос кој го храни и закрепнува духовните животи на верниците кога го јадат Него, поточно кога ќе го применат и примат по вера преку Духот. Со цел да ни го покаже овој духовен и небески леб, Христос воспостави обичен земен леб како сакрамент за Неговото тело и вино за Неговата крв. Така Тој ни сведочи преку нив дека како што го држиме сакраментот во својата рака, и го јадеме и пиеме со нашата уста, така нашиот живот потоа е нахранет, примајќи го преку вера (кои се раката и устата на нашата душа) вистинското тело и крвта на Христос, нашиот единствен Спасител, во нашата душа за поддршка на нашиот духовен живот.

Несомнено Исус Христос не ни ги додели Неговите свети тајни бесполезно, Тој работи во нас преку овие знаци на начин кој е вон нашето разбирање, исто како што е и делувањето на Светиот Дух вон нашиот поглед и разбирање. Во међувреме не грешиме кога велиме дека тоа што го јадеме и пиеме се навистина природното тело и вистинската крв Христова. Но начиног на земање не е преку нашата уста, туку преку духот и верата. Иако Христос седи од десната страна на Отецот во небесата, Тој не престанува да не прави учесници во Него преку вера. Оваа работа е на духовна триeза, на која Христос ги споделува своите благодети до сите нас и ни дава да уживаме во Него и заслугите од Неговите страдања и смрт. Тие не хранат, зајакнуваат и тешат во нашите jадни души така што го jадеме Неговото тело, оживувани и освежувани од пиењето на Неговата крв.

Понатака, иако светите тајни се поврзани со тоа што го означуваат, тие не можат да се примат од секого. Безбожниците ги конзумираат како свое проклетство и не ja примаат вистината од сакраментите. Јуда и Симон маѓесникот ги примаa сакраментите, но не и Христос означен во нив, туку само верниците се направени учесници во светите тајни. Конечно, ги примаме овие свети тајни во собирот на Божјите луѓе, со понизност и восхит, одржувајќи меѓу нас свето сеќавање за смртта на Христос нашиот Спасител, давајќи благодарност и исповед за нашата вера и Христијанската религиja. Но, секоj човек да се испита самиот себе и потоa да jаде од овоj леб и да пие од оваa чаша. Зашто, коj jаде и пие недостоjно, тоj го jаде и пие своето осудување, бидеjки не го разликува телото Господово. Со еден збор, восхитени сме од употребата на оваa светa таjна, со силна љубов кон Бога и кон ближниот.

Затоa ги отфрламе сите мешавини и проклети измислици кои луѓето ги додале во светите тајни како профани нешта. Потврдуваме дека треба да сме задоволни со уредбите за кои не поучиja Христос и апостолите и да ги пренесеме истите онакви какви што ни ги пренесоa.

Член 36: За Државните Власти.

Веруваме дека нашиот милостив Бог поради човечката изопаченост назначи цареви, принцови и други државни власти, сакаjки светот да биде владеен од одредени закони и политики, а со цел за воздржување на човечкото безредие и воведување добар поредок и пристоjност. За таa цел Toj им даде меч на државните власти, како би казнувале злобници и би ги штителе сите што чинат добро.

Нивната функциja не е само да се грижат за добробит на цивилната држава, туку и да ги штитат светите служби, отстрануваjќи и спречуваjќи секаква идолатриja и лажно обожување (види белешка долу). Така царството на Антихристот може да се уништи и царството на Христос да се промовира. Тие затoa мора да го потпомогнат проповедањето на Словото на евангелието насекаде, како Бог би бил чествуван и обожуван од сите, баш како што Toj ни заповеда во Неговото Слово.

Згора на тоa, обврска е на сите независно на државата, квалитетот или условите да се потчинат на државните служби, да плаќаат даноци, да им покажат должна чест и почит и да им се потчинат во сите нешта кои не се спротивни на Божјото Слово. Исто така треба сите да се молат за властите, како Бог би ги управувал и водел во сите нивни деjства, а со цел да имаме тивок и мирен живот со богоугодност и чесност.

Следствено ги презираме Анабаптистите и другите бунтовници, воопшто сите што ги отфрлаат повисоките мoci и власти, извртуваjќи jа правдата, формираjќи оддвоена заедница на стоки и го реметат добриот поредок воспоставен од Бог за своите луѓe.

БЕЛЕШКА: Овоj израз, во врска со државните власти и нивната релациja со Црквата, потекнува од принципот на Државната Црква, коj прв пат е применет од цар Константин, а потоa и од други Протестантски земjи. Но историjата не го поткрепува принципот на државна надреденост над Црквата, туку издвоjување на Црквата од Државата. Згора на тоa, спротивно е на Новото исполнување на времињата да се даде авторитет на Државата како арбитер на реформите во Црквата и да се одречи правото на Црквата независно да си ги спроведува сопствените работи како засебна териториja од Државата. Новиот Завет не jа потчинува Христиjанската Црква на авторитетот на Државата за таa да се владее и води со политички мерки. Само нашиот Господ и Цар jа владее Црквата како засебна териториja паралелна и целосно независна од Државата, управувана и одржувана од неjзините носители на функции само преку духовни мерки. Практично сите Реформирани цркви jа отфрлиja идеjата за Државна Црква и се залагаат за автономност на црквите и лична слобода на совеста во сите нешта поврзани со службата при Бога.

“Христиjанската реформирана црква во Америка, во целосна согласност со ова гледиште, се чувствува обврзана да изjави дека не jа замислува функциjата на државните власти во оваa смисла, дека е должна да има и политички авторитет во сферата на религиjата, со основање и одржување на Државна црква, унапредување и поддршка на истата како единствена вистинска Црква, и спротивствување, прогонување и уништување со меч на сите други цркви како лажни религии. Исто така да се изјасни дека позитивно смета, во рамките на својата секуларна сфера, државната власт има света должност кон првата табела на Законот, како и кон втората. Згора на тоа, Државата и Црквата како институции на Бога и Христос имаат меѓусебни права и должности назначени од небесата, и затоа имаат света реципрочна обврска да се усогласат преку Светиот Дух, која потекнува од Отецот и Синот. Како и да е, тие не можат да си ја нарушат територијата едни со други. Црквата има права на суверенитет во својата сфера исто како и Државата.“ Акта. Синод, 1910.

Член 37: За Судниот Ден.

Конечно веруваме дека спрема Божјото Слово, во времето назначено од нашиот Господ (непознато за сите Негови суштества), штом бројот на избраните се комплетира, нашиот Господ Исус Христос ће дојде од небесата физички и видливо, исто како што се воздигна, со целата Своја слава и величественост за да се пропаси себеси за судија на живите и мртвите, горејќи го стариот свет со огин и пламен како би го очистил.

И тогаш сите луѓе ће се појават лично пред овој голем судија, и мажи и жени, сите од почетокот до крајот на светот, свикани од гласот на архангелот и звукот на трубата Божја. Сите мртви ће воскреснат од земјата и нивните души ће се соединат со нивните сходветни тела, истите во кои биле живи. А тие што во тој момент се сеуште меѓу живите нема да умрат како другите, туку додека около трепне ће се променат од расипливи во нерасипливи тела. Тогаш книгите (совеста на луѓето) ће се отворат и мртвите ће се судат по тоа што го направиле во светот, дали добро или зло. Сите луѓе ће дадат отчет за секој свој кажан збор, што за светот е обична занимација и шега. Сите тајни и лицемерија на луѓето ће се откријат и покажат пред сите.

Земајќи го предвид овој суден ден, голем е стравот и ужасот кај злобниците и безбожниците, но голема е утехата кај праведните и одбраните, зашто нивното искупување ће заврши во целост и тие ће ги добијат плодовите на нивниот труд и маки кои ги изродија. Нивната невиност ће е позната секому и тие ће ја гледаат страшната освета што Бог ће ја изврши над злобните, кои сурово ги прогонуваа, репресираа и измачуваа во овој свет и тие ће бидат осудени од сведоштвата на сопствената совест. Како бесмртни существа, осудените ће бидат измачувани во вечен огин, кој е подготвен за ѓаволот и неговите ангели.

Спротивно на нив, верните и избраните ће бидат круписани со слава и чест, а Синот Божји ће ги исповеда нивните имиња пред Бога, Неговиот Отец, како и пред сите одбрани ангели. Нивните солаи ће се избришани, а нивните дела, осудени од многите судии и власти како ереси и безбожништва, ће бидат откриени како делата на Синот Божји. А како милостива награда Господ ће им даде слава каква што човечкото срце не може да замисли.

Затоа до крај и со силна желба очекувајте го тој голем ден кога ће можеме целосно да ги уживаме ветувањата на Бог и Исус Христос нашиот Господ. АМИН.

“Да, дојди, Господи Исусе!” – Откровение. 22:20.