ВЕСТМИНСТЕРСКИ КРАТОК КАТЕХИЗИС

Содржина:

1-5 | 6-10 | 11-15 | 16-20 | 21-25 | 26-30 | 31-35 | 36-40 | 41-45 | 46-50 | 51-55 | 56-60 | 61-65 | 66-70 | 71-75 | 76-80 | 81-85 | 86-90 | 91-95 | 96-100 | 101-107 |

О: Главната цел на човекот е да го прославува Бога и да ужива во Него засекогаш.

1 Кор. 10:31; Рим. 11:36; Пс. 73:25-28.

О. Словото Божјо, кое е содржано во Писмата на Стариот и Новиот Завет, е единственото правило што нè упатува како да го прославуваме и да уживаме во Него.

2 Тим. 3:16; Ефес. 2:20; 1 Јован 1:3-4.

О. Светото Писмо главно учи за она што човекот треба да го верува во однос на Бог, и каква должност Бог бара од човекот.

2 Тим. 1:13; 2 Тим. 3:16.

О. Бог е Дух, бесконечен, вечен и непроменлив во Неговото битие, мудрост, сила, светост, правда, добрина и вистина.

Јован 4:24; Јов 11:7-9; Пс. 90:2; Јаков 1:17; 2 Мојс. 3:14; Пс. 147:5; Откр. 4:8; 15:4; 2 Мојс. 34:6-7.

О. Има само еден единствен, жив и вистиниски Бог.

5 Мојс. 6:4; Ерем. 10:10.

О. Има три личности во Божественото Битие, Отецот, Синот и Светиот Дух; и овие три се еден Бог, исти во суштина, еднакви во сила и слава.

1 Јован 5:7; Матеј 28:19.

О. Божјите декрети се Неговата вечна цел, според советот на Неговата волја, при што за Негова сопствена слава, Тој однапред го определил она што ќе се случи.

Ефес. 1:4,11; Рим. 9:22-23.

О. Бог ги спроведува своите декрети во делата на создавањето и промислата.

Пс. 148:8; Иса. 40:26; Дан. 4:35; Дела 4:24-28, Откр. 4:11

О. Делото на создавањето е Божјото создавање на сите нешта од ништо, преку Словото на Неговата сила, во период од шест денови, и сето тоа многу добро.

1 Мојс. 1; Евр. 11:3.

О. Бог ги создаде машко и женско, во Неговиот лик, знаење, праведност и светост, со власт над сите суштества.

1 Мојс. 1:26-28; Кол. 3:10; Ефес. 4:24.

О. Божјите дела на промисла се Неговото најсвето, најмудро и најмоќно зачувување и управување со сите Негови суштества и со сите нивни постапки.

Пс. 145:17; Пс. 104:24; Иса. 28:29; Евр. 1:3; Пс. 103:19; Матеј 10:29-31.

О. Кога Бог го создаде човекот, Тој влезе во завет на живот со него, под услов на совршена послушност, забранувајќи му да јаде од дрвото на познавањето на доброто и злото, по смртна казна.

Гал. 3:12; 1 Мојс. 2:17.

О. Нашите прародители, кои беа оставени на слободата на нивната сопствена волја, отпаднаа од состојбата во којашто беа создадени, грешејќи против Бог.

1 Мојс. 3:6-8, 13; Проп. 7:29.

О. Грев е секој недостаток на усогласеност со, или престап на, Божјиот Закон.

1 Јован 3:4.

О. Гревот поради којшто нашите прародители отпаднаа од состојбата во којашто беа создадени беше нивното јадење од забранетиот плод.

1 Мојс. 3:6, 12.

О. Бидејќи заветот направен со Адам, не беше само за него туку и за неговото потомство; целото човештво, потекнувајќи од него преку природно раѓање, згреши во него и отпадна со него во неговиот прв престап.

1 Мојс. 2:16-17; Рим. 5:12; 1 Кор. 15:21-22.

О. Падот го доведе човештвото во состојба на грев и беда.

Рим. 5:12.

О. Грешноста на таа состојба во којашто падна човекот се состои во вината на Адамовиот прв грев, желбата за првобитна праведност и корупцијата на целата природа, којашто се нарекува првобитен грев, заедно со сите беззаконија што произлегуаат од тоа.

Рим. 5:12, 19; Рим. 5:10-20; Ефес. 2:1-3; Јаков 1:14-15; Матеј 15:19.

О. Целото човештво, преку падот го изгуби заедништво со Бог, и е под Неговиот гнев и проклетство, и подлежи на сите беди на овој живот до самата смрт, а на болките на пеколот засекогаш.

1 Мојс. 3:8, 10, 24; Ефес. 2:2-3; Гал. 3:10; Плач. 3:39; Рим. 6:23; Матеј 25:41, 46.

О. Бог, од Неговата добра волја, откако од цела вечност, избра некои за вечен живот, влезе во завет на благодат, за да ги избави од состојбата на гревот и бедата и да ги доведе во состојба на спасение преку Откупител.

Ефес. 1:4; Рим. 3:20-22; Гал. 3:21-22.

О. Единствениот Откупител на Божјите избраници е Господ Исус Христос, кој е вечниот Божји Син, постана човек, и така беше и продолжува да биде Бог и човек, со две различни природи и една личност, засекогаш.

1 Тим. 2:5-6; Јован 1:14; Гал. 4:4; Рим. 9:5; Лука 1:35; Кол. 2:9; Евр. 7:24-25.

О. Христос, Божјиот Син постана човек земајќи на себе вистинско тело и разумна душа; зачнат преку силата на Светиот Дух во утробата на девицата Марија и роден од неа, а сепак без грев.

Евр. 2:14, 16; Евр. 10:5; Матеј 26:38; Лука 1:27, 31, 35, 42; Гал. 4:4; Евр. 4:15; Евр. 7:26.

О. Христос, како наш Откупител и во Неговата состојба на понизност и во Неговата положба на воздигнување, ги извршува функциите на пророк, првосвештеник и цар.

Дела 3:21-22; Евр. 12:25 со 2 Кор. 13:3; Евр. 5:5-7; Евр. 7:25; Пс. 2:6; Иса. 9:6-7; Матеј 21:5; Пс. 2:8-11.

О. Христос ја извршува функцијата на пророк со тоа што ни ја открива, преку Неговото Слово и Духот, Божјата волја за нашето спасение.

Јован 1:18; 1 Петар 1:10-12; Јован 15:15; Јован 20:31.

О. Христос ја извршува функцијата на првосвештеник во тоа што се принесе Себеси еднаш, како жртва, за да ја задоволи божествената правда, и да нѐ помири со Бог, и во тоа што постојано посредува за нас.

Евр. 9:14, 28; Евр. 2:17; Евр. 7:24-25.

О. Христос ја извршува функцијата на цар преку тоа што нѐ потчини под Себеси, преку тоа што владее со нас и нѐ брани, и во спречување и победување на сите Негови и наши непријатели.

Дела 15:14-16; Иса. 33:22; Иса. 32:1-2; 1 Кор. 15:25.

О. Христовата понизност се состоеше во тоа што се роди и тоа во бедна состојба, потчинет под Законот, претрпувајќи ги бедите на овој живот, гневот  Божји и проколнатата смрт на крстот, во тоа што беше погребан и остана под власта на смртта за одредено време.

Лука 2:7; Гал. 4:4; Евр. 12:2-3; Иса. 53:2-3; Лука 22:44; Матеј 27:46; Филип. 2:8; 1 Кор. 15:3-4; Дела 2:24-27, 31.

О. Христовото воздигнување се состои во Неговото повторно воскреснување од мртвите на третиот ден, во вознесението на небото, во тоа што седна оддесно на Бога Отецот, и во доаѓањето да му суди на светот во последниот ден.

1 Кор. 15:4; Марко 16:19; Ефес. 1:20; Дела 1:11; Дела 17:31.

О. Учесници сме во откупувањето што го обезбеди Христос, на тој начин што тоа е делотворно применето на нас преку Неговиот Свет Дух.

Јован 1:11-12; Тит 3:5-6.

О. Духот го применува откупувањето што го обезбеди Христос, со тоа што произведува вера во нас и со тоа нѐ соединува со Христос во нашиот делотворен повик.

Ефес. 1:13-14; Јован 6:37, 39; Ефес. 2:8; Ефес. 3:17; 1 Кор. 1:9.

О. Делотворен повик е дело на Божјиот Дух, при што, убедувајќи нѐ за нашиот грев и беда, просветлувајќи го нашиот ум во знаењето за Христа и обновувајќи ја нашата волја, Тој нѐ убедува и нѐ оспособува да го прифатиме Исус Христос, Кој ни е бесплатно понуден во Евангелието.

2 Тим. 1:9; 2 Сол. 2:13-14; Дела 2:37; Дела 26:18; Езек. 36:26-27; Јован 6:44-45; Филип. 2:13.

О. Тие што се делотворно повикани во овој живот учествуваат во оправдувањето, посвојувањето, осветувањето; и неколкуте придобивки што во овој живот или ги придружуваат или произлегуваат од нив.

Рим. 8:30; Ефес. 1:5; 1 Кор. 1:26, 30.

О. Оправдување е дело на Божјата бесплатна благодат, каде што Тој ги простува сите наши гревови и нѐ прифаќа како праведни во Неговите очи, само поради Христовата праведност што ни се припишува, а е примена само преку вера.

Рим. 3:24-25; Рим. 4:6-8; 2 Кор. 5:19, 21; Рим. 5:17-19; Гал. 2:16; Филип. 3:9.

О. Посвојувањето е дело на Божјата бесплатна благодат, при што сме вброени, и имаме право на сите привилегии на Божјите синови.

1 Јован 3:1; Јован 1:12; Рим. 8:17.

О. Осветувањето е дело на бесплатната Божја благодат каде што целиот наш човек е обновен по Ликот Божји и сме оспособени сѐ повеќе и повеќе да умираме за гревот и да живееме за праведност.

2 Сол. 2:13; Ефес. 4:23-24; Рим. 6:4, 6; Рим. 8:1.

О. Придобивките што во овој живот ги придржуваат или произлегуваат од оправдувањето, посвојувањето и осветувањето, се: убеденост во Божјата љубов, мирна совест, радост во Светиот Дух, зголемување на благодатта и истрајност во ова до крај.

Рим. 5:1-2, 5; Рим. 14:17; Погов. 4:18; 1 Јован 5:13; 1 Петар 1:5.

О. Душите на верните при смртта стануваат совршени во светост и веднаш преминуваат во слава, а нивните тела, сѐ уште соединети со Христос, почиваат во нивните гробови до воскресението.

Евр. 12:23; 2 Кор. 5:1, 6, 8; Филипј. 1:23; Лука 23:43; 1 Сол. 4:14; Иса. 57:2;
Јов 19:26-27.

О. При воскресението, верните ќе воскреснат во слава, на судниот ден отворено ќе бидат признаени и ослободени, и ќе бидат совршено благословени во целосно уживање на Бог за цела вечност.

1 Кор. 15:43; Матеј 25:23; Матеј 10:32; 1 Јован 3:2; 1 Кор. 13:12; 1 Сол. 4:17-18.

О. Должноста што Бог ја бара од човекот е послушност на Неговата објавена волја.

Михеј. 6:8; 1 Сам. 15:22

О. Правилото кое Бог на почетокот му го објави на човекот за негова послушност беше моралниот закон.

Рим. 2:14-15; Рим. 10:5.

О. Моралниот закон е содржан во Десетте Божји Заповеди.

5 Мојс. 10:4; Матеј 19:17.

О. Десетте Божји Заповеди се сумирани во тоа да го љубиме Господ нашиот Бог, со сето наше срце, со сета наша душа, со сиот наш разум и со сета наша сила; и нашиот ближен како себеси.

Матеј 22:37-40.

О. Предговорот на Десетте Божји Заповеди е: „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството“.

2 Мој. 20:2.

О. Предговорот на Десетте Божји заповеди нѐ учи дека бидејќи Бог е Господ, и наш Бог и Откупител, ние сме обврзани да ги пазиме сите Негови заповеди.

Лука 1:74-75; 1 Петар 1:15-19.

О. Првата заповед е: „Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене“.

2 Мојс. 20:3.

О. Во првата заповед од нас се бара да Го знаеме и признаеме Бог како единствениот вистински Бог и наш Бог, и соодветно да Го обожаваме и прославуваме.

1 Лет 28:9; 5 Мојс. 26:17; Матеј 4:10; Пс. 29:2.

О. Првата заповед забранува одрекување или необожување и непрославување на вистинскиот Бог, како Бог и наш Бог; и оддавање на тоа обожавање и слава што Му припаѓа Него, на некој друг.

Пс. 14:1; Рим. 1:21; Пс. 81:10-11; Рим. 1:25-26.

О. Овие зборови „покрај Мене“, во првата заповед нѐ учат дека Бог, кој ги гледа сите нешта, забележува и е многу незадоволен од гревот да се има некој друг бог.

Езек. 8:5-18; Пс. 44:20-21.

О. Втората заповед е: „Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците – на оние кои Ме мразат – на децата до третото и четвртото поколение, а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.“

2 Мојс. 20:4-6.

О. Во втората заповед се бара примање, почитување и пазење чисти и целосни, сите религиски обожавања и уредби онака како што Бог ги назначил во Неговото Слово.

5 Мојс. 32:46; Матеј 28:20; Дела 2:42.

О. Втората заповед забранува обожавање на Бог преку слики или на некој друг начин којшто не е назначен во Неговото Слово.

5 Мојс. 4:15-19; 2 Мојс. 32:5, 8; 5 Мојс. 12:31-32.

О. Причините приклучени кон втората заповед се Божјата сувереност над нас, Неговата сопственост над нас, и ревноста што Тој ја има за Неговото славење.

Пс. 95:2-3, 6; Пс. 45:11; 2 Мојс. 34:13-14.

О. Третата заповед е: „Не ќе го изговараш напразно името на Господа, твојот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име.“

2 Мојс. 20:7.

О. Во третата заповед се бара Божјите имиња, титули, атрибути, уредби, збор и дела да бидат користени свето и со почит.

Матеј 6:9; 5 Мојс. 28:58; Пс. 68:4; Откр. 15:3-4; Мал. 1:11, 14; Пс. 138:1-2; Јов 36:24.

О. Третата заповед забранува секакво осквернување и злоупотреба на кое било нешто преку кое Бог се открива Себеси.

Мал. 1:6-7, 12; Мал. 2:2; Мал. 3:14.

О. Причината приклучена кон третата заповед е дека прекршувачите на оваа заповед и да избегнат на некој начин од казната на луѓето, Господ нашиот Бог нема да дозволи да го избегнат Неговиот праведен суд.

1 Сам. 2:12, 17, 22, 29; 1 Сам. 3:13; 5 Мојс. 28:58-59.

О. Четвртата заповед е: „Помни го саботниот ден, за да го осветуваш. Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи. А седмиот ден е сабота Господова, на Твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти. Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и сѐ што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден.“

2 Мојс. 20:8-11.

О. Во четвртата заповед се бара да се пазат свети на Бог оние времиња коишто Тој ги одредил во Неговото Слово, конкретно еден цел ден од седум да биде света Сабота/свет Шабат за Него.

5 Мојс. 5:12-14.

О. Од почетокот на светот Бог го одредил седмиот ден од неделата да биде седмична Сабота/седмичен Шабат, до воскресението на Христос; а оттогаш првиот ден од неделата, да продолжи да биде до крајот на светот, кој е христијанската Сабота/христијанскиот Шабат.

1 Мојс. 2:2-3; 1 Кор. 16:1-2; Дела 20:7.

О. Саботата/Шабатот треба да се осветува преку свето одмарање во цел тој ден, дури и од такви световни работи и рекреации што се дозволени во другите денови, и поминување на целото време во јавни и приватни богослужби, освен онолку време колку што треба да се оддели за неопходни и милостиви дела.

2 Мојс. 20:8, 10; 2 Мојс. 16:25-28; Неем. 13:15-19, 21-22; Лука 4:16; Дела 20:7; Пс. 92; Иса. 66:23; Матеј 12:1-13.

О. Во четвртата заповед се забранува пропуштање или невнимателно извршување на должностите кои се бараат, и осквернување на денот со безделничење, или правење нешто што само по себе е грешно, или преку непотребни мисли, зборови или дела, поврзани со нашите световни работи или рекреации.

Езек. 22:26; Амос 8:5; Мал. 1:13; Дела 20:7, 9; Езек. 23:38; Ерем. 17:24-26; Иса. 58:13.

О. Причините приклучени кон четвртата заповед се: Бог ни дозволува шест денови во неделата за наши сопствени работи, Неговото барање на посебна сопственост над седмиот ден, Неговиот личен пример и Неговото благословување на Саботата/Шабатот.

2 Мојс. 20:9, 11.

O. Петтата заповед е: „Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти се продолжат дните на земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог.“.

2 Мојс. 20:12.

O. Во петтата заповед се бара одржување на почитта, и извршување на должностите кои му припаѓаат на секој во неговите одредени места и односи, како надредени, подредени или еднакви.

Ефес. 5:21; 1 Петар 2:17; Рим. 12:10.

O. Во петтата заповед се забранува занемарување, или правење нешто што е против почитта и должноста што му припаѓа на секој во неговите одредени места и односи.

Матеј 15:4-6; Езек. 34:2-4; Рим. 13:8.

O. Причината приклучена кон петтата заповед е ветување на долг живот и просперитет (толку колку што би послужил за Божја слава и за нивно лично добро), на сите оние кои ја пазат оваа заповед.

5 Мојс. 5:16; Ефес. 6:2-3.

О. Шестата заповед е: „Не ќе убиваш“.

2 Мојс. 20:13.

О. Во шестата заповед се бара преземање секакви законски напори за зачувување на нашиот сопствен живот и животот на другите.

Ефес. 5:28-29; 1 Цар. 18:4.

О. Во шестата заповед е забрането одземање на нашиот сопствен живот или животот на нашиот ближен неправедно, или што и да е што тежнее кон тоа.

Дела 16:28; 1 Мојс. 9:6.

О. Седмата заповед е: „Не ќе прељубодејствуваш“.

2 Мојс. 20:14.

О. Во седмата заповед се бара зачувување на нашата сопствена чистота и чистотата на нашиот сосед, во срцето, говорот и однесувањето.

1 Кор. 7:2-3, 5, 34, 36; Кол. 4:6; 1 Петар 3:2.

О. Во седмата заповед забранети се сите нечисти мисли, зборови и дела.

Матеј 15:19; Матеј 5:28; Ефес. 5:3-4.

О. Осмата заповед е: „Не ќе крадеш“.

2 Мојс. 20:15.

О. Во осмата заповед се бара законско стекнување и умножување на нашето богатството и надворешен имот, а и од другите.

1 Мојс. 30:30; 1 Тим. 5:8; 3 Мојс. 25:35; 5 Мојс. 22:1-5; 2 Мојс. 23:4-5; 1 Мојс. 47:14, 20.

О. Во осмата заповед е забрането што било, што неправедно ќе го попречи или може да го попречи нашето богатство или надворешен имот, или на нашиот ближен.

Погов. 21:17; Погов. 23:20-21; Погов. 28:19; Ефес. 4:28.

О. Деветтата заповед е: „Не ќе сведочиш лажно против твојот ближен“.

2 Мојс. 20:16.

О. Во деветтата заповед се бара одржување и промовирање на вистината помеѓу луѓето, и одржување и промовирање на нашето добро име, и доброто име на нашиот ближен, особено кога сведочиме за некого.

Зах. 8:16; 3 Јован 1:12; Погов. 14:5, 25.

О. Во деветтата заповед е забрането сѐ што ѝ пакости на вистината, или што му штети на нашето добро име, или на доброто име на нашиот ближен.

1 Сам. 17:28; 3 Мојс. 19:16; Пс. 15:3.

О. Десеттата заповед е: „Не ќе го посакуваш домот на твојот ближен! Не ќе ги посакуваш: жената на твојот ближен, ни неговиот слуга, ниту неговата слугинка, ни неговиот вол, ниту неговото осле, ни што и да е што му припаѓа на твојот ближен“.

2 Мојс. 20:17.

О. Во десеттата заповед се бара да бидеме целосно задоволни со нашата сопствена состојба, со правилен и добронамерен став кон нашиот ближен и кон сѐ што е негово.

Евр. 13:5; 1 Тим. 6:6; Јов 31:29; Рим. 12:15; 1 Тим. 1:5; 1 Кор. 13:4-7.

О. Во десеттата заповед забрането е какво било незадоволство од нашиот сопствен имот, завидување или тагување за сопственоста на нашиот ближен, и секакво развратно барање и наклонетост кон сѐ што е негово.

1 Цар. 21:4; Естира 5:13; 1 Кор. 10:10; Гал. 5:26; Јаков 3:14, 16; Рим. 7:7-8; Рим. 13:9; 5 Мојс. 5:21.

О. Никој обичен човек, после падот, не е способен во овој живот, совршено да ги пази Божјите заповеди, туку секојдневно ги прекршува во мисла, збор и дело.

Проп. 7:20; 1 Јован 1:8, 10; Гал. 5:17; 1 Мојс. 6:5; 1 Мојс. 8:21; Рим. 3:9-21; Јаков 3:2-13.

О. Некои гревови сами по себе и поради неколку влошувања, се погрозоморни во очите на Бог од други.

Езек. 8:6, 13, 15; 1 Јован 5:16; Пс. 78:17, 32, 56.

О. Секој грев го заслужува Божјиот гнев и проклетство, и во овој живот и во тој што доаѓа.

Ефес. 5:6; Гал. 3:10; Плач. 3:39; Матеј 25:41.

О. За да гo избегнеме Божјиот гнев и проклетство кои ни следуваат поради гревот, Бог бара од нас вера во Исус Христос, покајание за живот, со трудољубиво користење на сите надворешни средства со кои Христос ни ги соопштува придобивките од откупувањето.

Дела 20:21; Погов. 2:1-5; Погов. 8:33-36; Иса. 55:3.

О. Вера во Исус Христос е спасоносна благодат, каде што ние го примаме и се потпираме само на Него за спасение, онака како што ни е понуден во Евангелието.

Евр. 10:39; Јован 1:12; Иса. 26:3-4; Филипј. 3:9; Гал. 2:16.

О. Покајание за живот е спасоносна благодат, каде што грешникот поради согледувањето на својот грев и сфаќањето на Божјата милост во Христос, со тага и омраза кон гревот се свртува од него кон Бог, со цел и настојување кон нова послушност.

Дела 11:18; Дела 2:37-38; Јоил 2:12; Ерем. 3:22; Ерем. 31:18-19; Езек. 36:31; 2 Кор. 7:11; Иса. 1:16-17.

О. Надворешните и обичните средства со кои Христос ни ги пренесува придобивките од откупувањето се Неговите уредби, особено Словото, сакраментите и молитвата; и сите тие стануваат делотворни за спасение на избраните.

Матеј 28:19-20; Дела 2:42, 46-47.

О. Божјиот Дух го прави читањето, но особено проповедањето на Словото делотворно средство за просведочување и обраќање на грешници, и нивно изградување во светост и утеха, преку вера за спасение.

Неем. 8:8; 1 Кор. 14:24-25; Дела 26:18; Пс. 19:8; Дела 20:32; Рим. 15:4; 2 Тим. 3:15-17; Рим. 10:13-17; Рим. 1:16.

О. За да гo избегнеме Божјиот гнев и проклетство кои ни следуваат поради гревот, Бог бара од нас вера во Исус Христос, покајание за живот, со трудољубиво користење на сите надворешни средства со кои Христос ни ги соопштува придобивките од откупувањето.

Погов. 8:34; 1 Петар 2:1-2; Пс. 119:18; Евр. 4:2; 2 Сол. 2:10; Пс. 119:11; Лука 8:15; Јаков 1:25.

О. Сакраментите стануваат делотворни начини за спасение, не поради нешто во нив или во оној што ги извршува, туку само преку благословот на Христос и делото на Неговиот Дух во тие што со вера ги примаат.

1 Петар 3:21; Матеј 3:11; 1 Кор. 3:6-7; 1 Кор. 12:13.

О. Сакрамент е света уредба воспоставена од Христос, при што преку забележливи знаци, Христос и придобивките на Новиот Завет, се претставени, запечатени, и применети на верните.

1 Мојс. 17:7, 10; 2 Мојс. 12; 1 Кор. 11:23, 26.

О. Сакраментите на Новиот Завет се крштевањето и Господовата вечера.

Матеј 28:19; Матеј 26:26-28.

О. Крштевањето е сакрамент, при што измивањето со вода во името на Отецот, Синот и Светиот Дух, го означува и запечатува нашето соединување со Христа и учеството во придобивките од заветот на благодатта, и нашето свршување за да бидеме Господови.

Матеј 28:19; Рим. 6:4; Гал. 3:27.

О. Крштевањето не смее да биде извршено на никој од оние кои се надвор од видливата Црква, додека не ја исповедаат нивната вера во Христос, и послушност кон Него; но, бебињата на оние кои се членови на видливата Црква треба да бидат крстени.

Дела 8:36-37; Дела 2:38-39; 1 Мојс. 17:10 со Кол. 2:11-12; 1 Кор. 7:14.

О. Господовата вечера е сакрамент, при што преку давањето и примањето на лебот и виното, според одредбата од Христос, се покажува Неговата смрт, и достојните приматели, не на материјален и телесен начин, туку преку вера, стануваат учесници во Неговото тело и крв, со сите Негови придобивки, за нивна духовна храна, и раст во благодатта.

1 Кор. 11:23-26; 1 Кор. 10:16.

О. Од оние кои достојно ќе учествуваат во Господовата вечера се бара да се испитаат себеси, преку нивното знаење  да го распознаваат телото Господово; преку нивната вера да се хранат со Него, преку нивно покајание, љубов и ново послушание: за да не дојде недостојно, да јадат и да пијат осуда за себе.

1 Кор. 11:28-29, 31; 2 Кор. 13:5; 1 Кор. 10:16-17; 1 Cor. 5:7-8.

О. Молитва е принесување на нашите желби на Бог, за работи што се согласни со Неговата волја, во името на Христос, со исповедање на нашите гревови и благодарно признавање на Неговите милости.

Пс. 62:8; 1 Јован 5:14; Јован 16:23; Пс. 32:5-6; Дан. 9:4; Филипј. 4:6.

О. Целото Божјо Слово е корисно за да нѐ упатува во молитва, но конкретно правило за упатување е таа форма на молитва, на којашто Христос ги научи Неговите ученици, општо позната како „Оче Наш“.

1 Јован 5:14; Матеј. 6:9-13 со Лука 11:2-4.

О. Предговорот на „Оче наш“, кој е „Оче наш кој си на небесата“, нѐ учи да му се приближиме на Бог со целосна света страхопочит и доверба, како деца на татко, способен и подготвен да ни помогне, и дека треба да се молиме со други и за други.

Матеј 6:9; Рим. 8:15; Лука 11:13; Дела 12:5; 1 Тим. 2:1-2.

О. Во првото барање, кое гласи „Да се свети Твоето име“, се молиме Бог да нѐ оспособи нас и другите да го прославуваме Него во сето она каде што Тој се открива Себеси; и да располага со сите нешта за Негова слава.

Матеј 6:9; Пс. 67:2-3; Пс. 83.

О. Во второто барање, кое гласи „Да дојде Твоето царство“, се молиме царството на сатаната да биде уништено, а царството на благодатта да напредува; ние и другите да бидеме воведени во него, и зачувани, и Царството на славата да дојде побрзо.

Матеј 6:10; Пс. 68:1, 18; Откр. 12:10-11; 2 Сол. 3:1; Рим. 10:1; Јован 17:9,20; Откр. 22:20.

О. Во третото барање, кое гласи „Да биде Твојата волја, како во небото, така и на земјата“, се молиме Бог преку Неговата благодат да нѐ направи способни и спремни да ја знаеме, да бидеме послушни, и да се потчинуваме на Неговата волја во сите нешта, како што прават ангелите на небото.

Матеј 6:10; Пс. 67; Пс. 119:36; Матеј 26:39; 2 Сам. 15:25; Јов 1:21; Пс. 103:20-21.

О. Во четвртото барање, кое гласи „Нашиот насушен леб, дај ни го денес“, се молиме од бесплатниот Божји дар да добиеме дел од добрите работи од овој живот и да го уживаме Неговиот благослов преку нив.

Матеј 6:11; Погов. 30:8-9; 1 Мојс. 28:20; 1 Тим. 4:4-5.

О. Во петтото барање, кое гласи „И прости ни ги нашите долгови, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници“, се молиме дека Бог, поради Христос, бесплатно ќе ни ги прости сите наши гревови; што сме охрабрени да бараме, затоа што преку Неговата благодат сме оспособени од срце да им проштеваме на другите.

Матеј 6:12; Пс. 51:1-2, 7, 9; Дан. 9:17-19; Лука 11:4; Матеј 18:35.

О. Во шестото барање, кое гласи „И не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот“, се молиме Бог или да нѐ запази да не бидеме искушувани за грев, или да нѐ поткрепи и избави кога сме искушувани.

Матеј 6:12; Матеј 26:41; 2 Кор. 12:7-8.

О. Заклучокот од „Оче наш“, кој гласи „Зашто Твое е царството, и силата, и славата, во сите векови. Амин“, нѐ учи нашето охрабрување во молитва да биде само од Бог, и во нашите молитви да го прославуваме Него, препишувајќи му ги Нему царството, силата и славата; и сведочејќи за нашата желба и сигурност дa бидеме слушнати, велиме Амин.

Матеј 6:13; Дан. 9:4-9, 16-19; 1 Лет. 29:10-13; 1 Кор. 14:16; Откр. 22:20-21.