Исклучиво Псалмопеење и Пеењето на Псалми – од Даниел Кок

Ова е мојот трет одговор (во серијата) на вообичаените приговори против Исклучително Псалмопеењето.

Дали исклучиво псалмопејците пеат псалми?

Она што на прв поглед изгледа како тавтологија, всушност е вистински приговор против Исклучително Псалмопеењето. Приговорот гласи вака: исклучиво псалмопејците (ИП) сакаат христијаните да пеат само псалми во богослужението, но самите не ја следи својата доктрина. Кој ИП ги пее псалмите како што се напишани? Зарем не користат преводи и парафрази? Ако тие не ги почитуваат своите сопствени правила за богослужение, зошто тогаш ние останатите би требало да ги почитуваме?

Во одговор на ова, да ги разгледаме следните точки:

  1. Дури и ако приговорот е точен, тоа само би докажало дека ИП постапува недоследно со својата сопствена позиција. Со други зборови, тоа не докажува дека исклучително псалмопеењето, како дисциплина или практика, е погрешно.
  2. Дополнително, овој аргумент не успева да докаже дека химните може да се користат во богослужение, бидејќи негативен аргумент не мора да води кон позитивен заклучок (на пр., ако се докаже дека змијата не е отровна, тоа не значи дека е безопасна – може да биде питон). Да се премине од несовршено исполнување на библиска заповед кон дозволување на нешто што не е најдено во Светото Писмо, значи да се негира Регулативниот Принцип на Богослужение.
  3. Некои, сепак, би тврделе дека англиските(македонските) преводи на псалмите не се разликуваат од небоговдахновените химни и дека ова отвора вратата за користење на химни во богослужението. Но, колку и да изгледаат слични преводот и слободната интерпретација на текстот, тие не се исти. Ова е очигледно кога ќе се спореди збор-за-збор превод на Светото Писмо со парафразирана верзија. Сосема исправно е да се каже дека второто е повеќе толкување или лично мислење за тоа што Писмото вели, отколку превод. Химна може да биде заснована на Писмото, но тоа не ја прави да е исто и со псалмот од Писмото (секој што би ги споредил, лесно може да препознае). Дополнително, многу химни не се директно засновани на библиски текстови, а уште повеќе од нив го прекршуваат Светото Писмо со тоа што додаваат или одземаат од она што е напишано (Повторени Закони 4:2).
  4. Дури и парафразиран псалм (иако непожално) е сепак поблиску до оригиналниот псалм отколку химна. Псалмот може да биде ослабен во својата оригинална презентација, но химната е заменување на славата што ја вовел Бог со славата што ја вовеле луѓето. Освен тоа, содржината и теологијата во Псалмите (освен ако не бидат целосно осиромашени од нивната оригинална цел и формулација) се суштински различни од небоговдахновените химни.
  5. Понатаму, ако оригиналниот приговор е точен, тогаш никој всушност не пее псалми. Ова би важело и за оние што ги пеат само библиските Псалми, како и за оние што ги пеат заедно со други песни. Ако секоја верзија на Псалм не ја исполнува библиската заповед (Псалм 105:2; Колошани 3:16), тогаш сите сме виновни што не му се покоруваме на Бога во оваа поента. Врз основа на овој приговор против исклучителното псалмопеење, исклучително псалмопеецот не е единствениот што не успева да ги испее псалмите, туку и химнопејачот сам се обвинува секогаш кога се обидува да ја исполни библиската заповед да ги пее Божјите песни.
  6. Дополнително, верен превод на оригиналот на различни јазици (користејќи идиоми и граматика на мајчиниот јазик) сепак останува Божјиот збор.[1] На пример:
    Повторени Закони 8:3: „дека човекот не живее само од леб, туку од секој збор што излегува од устата Господова“ (Зборот „збор“ е додаден за да го направи текстот појасен.)
    Матеј 4:4:А Тој му одговори и рече: „Напи­ша­но е – ‚Човек не живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од устата на Бога.’““ (Овде „збор“ е оригинален.)
    Заклучок: ваквите додатоци што ја комплетираат смислата на Светото Писмо се сепак Светото Писмо.[2]
  7. Затоа приговорот само покажува дека треба да бидеме внимателни како ги пееме псалмите и дека секој што ги пее треба да биде загрижен за точноста на нивното пренесување. Исклучително псалмопеецот, тогаш, ги охрабрува оние што сакаат да ги пеат псалмите да му помогнат во нивното подобрување, за сите да можат да Го слават Бога правилно во заедничкото богослужение.
  8. Секако, користењето на човечки зборови (небоговдахновени песни) во нашето богослужебно пеење само ќе нè оддалечи од целта да го следиме библиското правило. Исак Ватс е оној што сакал да ги пее песните на Давид на „христијански“ начин и затоа го „очисти“ нивниот јазик за да ги отстрани елементите што верувал дека се во спротивност со новозаветната перспектива, како и да ги додаде оние што, според него, биле во склад со евангелието на Христос.[3] Забележете дека првиот што ги измени псалмите за свои цели не бил компромисен исклучителен псалмопеец, туку поддржувач на химни.
  9. Конечно, некои отишле дотаму што тврдат дека ИП не пее псалми, бидејќи, за да го прави тоа верно, би требало да ги пее на оригинален хебрејски. Овој аргумент може да се побие со контрааргументот од точка 3. Ако важи за ИП, тогаш важи за сите што пеат псалми.

Дополнително, ако пеењето на хебрејски е неопходно за да се пеат псалмите точно, тогаш следува дека превод на Библијата треба да биде ништо друго освен оригиналниот хебрејски, арамејски и грчки. Но, веќе утврдивме дека англискиот (или кој било друг) превод на Библијата може и треба да се нарече Словото Божјо. Истото важи и за преводите на Псалмите.


[1] Слична точка е изнесена во Вестминстерската Исповед на Верата во однос на преводите на оригиналните јазици на Светото Писмо на „мајчиниот“ јазик. ВИВ 1.7: „бидејќи овие оригинални јазици не им се познати на сите луѓе Божји, кои имаат право и интерес во Светото Писмо, и на кои им е заповедано, со страв Божји, да ги читаат и проучуваат, затоа тие треба да бидат преведени на мајчиниот јазик на секој народ каде што доаѓаат, за да може Божјиот збор обилно да живее во сите, та тие да Го слават во прифатлив начин; и, преку трпение и утеха од исповедничкото сведоштво на Светото Писмо, да имаат надеж.“

[2] Пречесниот Метју Винзер: https://puritanboard.com/threads/how-much-liberty-with-a-translation-makes-it-no-longer-gods-word.46738/post-593782

[3] „Иронично, химните и парафразите на псалмите на Ватс беа примарното средство преку кое химните конечно беа прифатени во јавниот протестантски богослужбен живот, иако не без значителни контроверзии во осумнаесеттиот и раниот деветнаесетти век. Сепак, дури во средината на деветнаесеттиот век химните почнаа да ги заменуваат псалмите во општата употреба.“ – Тери Џонсон, Историјата на псалмопеењето во христијанската црква.