„Псалми“ & Псалми, Химни и Песни Духовни – од Даниел Кок

Ова е мојот шести одговор (во серијата) на вообичаените приговори против ексклузивното псалмопеење.

Со години мислев дека поборниците на исклучивото псалмопеење (ИП) не сакаат да ја прифатат реалноста. Како можат да тврдат дека библиските Псалми се доволни за црковно богослужение кога Павле зборува за „псалми, химни и духовни песни“ (Ефесјаните 5:19 и Колосјаните 3:16)? Ми се чинеше очигледно дека, доколку Павле мислел само на Псалмите, би го нагласил тоа, т.е. би употребил термини како „псалми“ или „книгата на Псалмите“.

Но, кога се запознав со аргументот за тоа како поборниците на ИП го разбираат овој израз кај Павле, ме погоди неговата едноставност и морав повторно да го преиспитам мојот претходен приговор. По некое време на проучување и молитва, бев убеден во овој став.

Додека повторно размислувам на овие прашања, сметам дека би било корисно да изложам одбрана на ставот на ИП спротивно на начинот на кој порано ги разбирав овие стихови (што воедно е и прилично чест аргумент против исклучивото псалмопеење). Читателот ќе забележи дека овие аргументи се главно (ако не и целосно) позајмени од други автори кои го поддржуваат ова гледиште. Не тврдам дека изнесувам или предлагам нешто ново, туку само ги систематизирам за полесен пристап.

  1. Заповедта во Ефесјаните 5:19 и Колосјаните 3:16 е да се „пее“. Павле претпоставува дека веќе постои збирка на песни, односно тој не предлага некој да создава нови, туку заповеда да се пеат оние што веќе постојат. Некој може да тврди дека заповедта за составување се подразбира, но тоа би било незасновано.
    „Ова не се заповеди за компонирање на химни, туку за користење на химни и песни дадени од Духот, кои веќе биле на располагање. Тие можеа да се најдат само во збирката на боговдахновените списи…“ – В. И. Вишарт “The Psalms the Divinely Authorized and Exclusive Manual of Praise” (page 55) The Psalms in Worship (1907), edited by John McNaughter
    Како што забележуваат и други, ова е поткрепено со фактот дека на ниту еден автор на Новиот Завет не му е припишан дар за пишување духовни песни или создавање нова збирка песни.
  2. Стандардното објаснување на поборниците на исклучивото псалмопеење (ИП) е дека Павле едноставно користи вообичаен троен израз за да се однесува на една збирка песни: „Оваа употреба на „псалми, химни и песни“ за означување на собраната Книга на Прослава потсетува на старозаветниот израз за Законот на Мојсеј: „заповеди, одредби и уредби“ (1 Летописи 29:19), или на начинот на кој Исус го сумира Стариот Завет како „Законот на Мојсеј, Пророците и Псалмите“ (Лука 24:44).“ – Кристијан Аџемијан, Psalms in Worship
    „Еврејските писатели често наведуваа три идентични или синонимни зборови или три аспекти на една иста работа за да нагласат совршенство или целосност. Види: Излез 34:7; Повторени Закони 30:16; Исаија 6:3; Еремија 7:4; Лука 24:44; Дела 2:22; 2 Коринтјаните 12:12; 1 Солунјаните 5:23; 1 Тимотеј 2:1.“ – Џејмс Р. Хјуз, Во дух и во вистина: In Spirit and Truth: Worship as God Requires
  3. Дали звучи разумно да се помисли дека Павле би ги ставил библиските Псалми во иста категорија со небоговдахновените песни?
    „Ако со зборот „псалми“ се мисли на библиските Псалми (како што овде се претпоставува), тогаш е незамисливо Павле да ги поврзе човечките композиции со оние што се дадени од Светиот Дух и да заповеда да се користат за иста цел… Тој е Оној Кој ги разликува старозаветните списи, вклучително и Псалтирот, како „Боговдахновена“ литература, облечена со неповредлива светост… Затоа, изгледа тешко за верување дека токму овде би се нарушила таа разлика, која инаку ревносно ја брани, и би ги ставил небоговдахновените песни во конкуренција со боговдахновените, како да имаат еднаква поучна вредност.“ – Џон МекНотер, A Special Exegesis of Colossians 3:16 & Ephesians 5:19” (страна 131) The Psalms in Worship (1907), уредено од Џон МекНотер

[1] Исак Ватс, еден од „татковците“ на современата химнографија, напишал: „има многу, стотици стихови во таа Книга што христијанинот не може соодветно да ги прифати при пеење без значителна измена на зборовите или барем без да им даде многу поинакво значење од она што Давид го имал кога ги напишал.“ A Short Essay Toward the Improvement of Psalmody.
Како одговор, Ј. Г. Вос тврди: „Злото не е апстрактно, туку конкретно; тоа е поврзано со одредени личности. За да се уништи злото, луѓето мора да бидат соочени со Божјата моќ и праведен суд. Исак Ватс рекол дека ќе го натера Давид да зборува како христијанин. Тој ги изменил Псалмите, ги направил неприродни. Ватс воопшто не успеал да ја разбере вистинската убавина и слава на Псалтирот.“ Ј. Г. Вос, Ashamed of the Tents of Shem?

[2] Писмото на Атанасиј до Марцелин: За толкувањето на Псалмите

[3] Од предговорот на неговиот коментар на Псалмите.

[4] http://www.sermonaudio.com/sermoninfo.asp?SID=825142012368

[5] На пример, Псалм 2, 22 и 110.

[6] Ова се тврди врз основа на фактот дека во Новиот Завет не е воведен никаков додаток или замена за Псалмите.

[7] Што, иронично, не би било точно за нашите песнарки доколку напишеме песна врз основа на секој библиски пасус или дури секој пасус од Новиот Завет. Голем дел од Новиот Завет содржи поттикнувања и заповеди кои, во потесна смисла, не се дел од Евангелието.