Исклучиво Псалмопеење и други песни во Словото – од Даниел Кок

Ова е мојот петти одговор (во серија) на вообичаените приговори на исклучиво псалмопеење.

Друг чест аргумент против исклучиво псалмопеење се однесува на постоењето на песни во Светото Писмо надвор од Псалтирот (пр. Песната на Мојсеј, Песната на Езекија, песните во Откровение итн.). Ако треба да пееме само Псалми, тогаш зошто Бог дозволил овие други песни да бидат составени, пеани и последователно запишани во Библијата? Дали нивното присуство во Писмото не нè учи дека ни треба повеќе од Псалмите за да го славиме Бога со песна?

  1. Мораме да запомниме дека Псалмите не се само случаен збир песни, туку дел од завршено, канонско дело. Како такви, на нив може да им се додава од луѓето, дури ни со материјал во самиот канон на Светото Писмо. Тоа значи, книгата на Псалмите секогаш ќе си биде книгата на Псалмите (т.е. 150 инспирирани засебни дела собрани во еден том).
  2. Поврзано со оваа мисла е дека Псалмите, како збир, се уникатен жанр во Писмото: „Ако ни е грижа за жанрот – а треба да ни е – тогаш мора да се соочиме со прашањето: ако Бог ни дал книга со песни за слава, кои сме ние да додаваме на нив? [Мајкл] Бушел укажува на ислучивото псалмопеење како логична последица на sola scriptura. Зошто? Прво, поради важноста на жанрот на Книгата на Псалмите во рамките на канонизираната Библија.“ Росарија Батерфилд. Thoughts of an Unlikely Convert.
    Така, оваа книга со песни во Писмото е книгата со песни во Писмото.
  3. Најстариот псалм е оној на Мојсеј (Псалм 90), а „најновиот“ е веројатно Псалм 137 (кој е датиран во 6 век п.н.е., за време на вавилонското прогонство). Па иако Псалмите не ги вклучуваат т.н. новозаветни песни, тие се протегаат низ многу периоди од црковната историја (забележете ги дури и оние кои, како и во нашето време, немале пристап до храм и свештеничка служба, т.е. по уништувањето на Ерусалим од Вавилонците). Се чини дека биле напишани некои песни во времето кога книгата на Псалмите се составувала и кога подоцна биле собирани, не биле вклучени со добра причина.
    На пример, Соломон напишал вкупно 1005 песни (1 Цареви 4:32), но само една е поврзана со неговото име (Псалм 127). Ова укажува на посебноста на канонските псалми, т.е. оние што се избрани имаат добра (божествена) причина да бидат во Псалтирот, додека другите се изоставени според Божјата мудрост.
  4. Ова, секако, ја истакнува идејата дека Бог најдобро знае каква содржина треба да има во Неговата прослава. Псалмите не се, на крајот на краиштата, само збир на „најомилените“ песни на Израил, туку единствената совршена книга за славење. „Бог знае каков баланс во теологијата и поуката ни е потребен, и ја обезбедил таа балансирана содржина во Псалтирот. Псалмите содржат многу поголема разновидност на теолошки тематики отколку сите човечки композиции заедно. Бог обезбедил на целата Црква низ поголемиот дел од нејзината историја она што ѝ е потребно за пеење. Мораме да запомниме дека на Бог не сме Му потребни да Го обожуваме како што ние сакаме. Тој сака да Го славиме како што треба да Го славиме. Ние сакаме да Го славиме со своите приноси. Ние треба да Го славиме со композициите што Тој ни ги дал.“ Џејмс Р. Хјуз, Во дух и вистина: In Spirit and Truth: Worship as God Requires.
  5. Без разлика на тоа што некој верува за ограниченоста или целта на Псалмите, Писмото насекаде јасно кажува дека не секоја вистина е вклучена во страниците на Писмото. Затоа, би било во согласност со природата на библиската вистина дека не секоја песна (т.е. боговдахновена) што можела да биде вклучена, била вклучена во книгата со песни на Писмото.
  6. Во исто време, постои значително преклопување помеѓу Псалмите и другите песни во Писмото. Се наоѓаат слични тематики, изрази и слично што, доколку овие песни би биле вклучени во корпусот на песни што црквата ги пее, не би додале ништо суштинско што веќе не е присутно во книгата на Псалмите.[1]
    Така, да се предложи дека Псалмите се несоодветни поради постоењето на слични „звучни“ песни раштркани низ Писмото, е како да се предложи несоодветноста на готвењето на мојата сопруга за нашето семејство затоа што толку многу други жени во црквата прават слични јадења. Секако, слободен сум да ја вкусам нивната храна кога сум надвор од дома, но секогаш кога сум дома, готвењето на мојата сопруга ми е доволно.
  7. Всушност, самото присуство на овие други песни во Писмото противречи на претпоставките на химнописците, бидејќи секоја една од нив, е боговдахновена. Доколку овие песни надвор од Псалтирот, се индикација за потребата од проширена книга со песни, тоа би говорело само за вклучување на тие песни во пеењето на црквата, и ништо повеќе.[2] Така, во случај таквите песни да се усвоени за употреба во црквата, исклутелно псалмопевците би го сметало ова како значително подобрување на сегашната ситуација каде тие се користат наместо небоговдахновените зборови на луѓето.
    Понатаму, ова само ви укажало на едноставно недоследност во убедувањето на исклучиво псалопеецот, а не за суштинска контрадикција. Единствено тој можеби ќе мора да го измени минимално својот став, но не мора да го целосно смени своето примарно убедување во врска со употребата на боговдахновени песни во славењето, со чисто додавање на повеќе боговдахновени песни во неговата книга со песни. Така, инсистирањето на исклучително псалмопеецот за боговдахновеноста како стандард за славење на Бог, останува.
  8. Сепак, некои сметаат дека песната на Езекија (како што е запишана во Исаија 38) е доказ дека небоговдахновени песни биле пеани во храмот заедно со библиските Псалми. Освен што ова е чисто претпоставка, ајде внимателно да го забележиме вообичаениот образец на славење што Езекија го следи:
    „Во библиското славење, кралот е оној што го води собранието во славење, и кралските песни се оние што собранието ги пее со него. Овој принцип се гледа во тоа што кралот е надзорник над составувањето на химните во 1 Летописи 25. Исто така тоа се забележува и во образецот на славење опишан низ целото Писмо (стр. 43)…. Езекија ја напишал оваа песна (во Исаија 38) за да го прослави Бог за исцелението од болест. Кралот бил близу до смрт, очигледно поради грев. Но, тој се молел за милост, и Бог му ги простил гревовите и му го возобновил здравјето. Езекија ја составил оваа песна и ја однел во храмот за сиот Израил да пее со него (стих 20). Зошто Божјата милост да го избави кралот од смрт би станала основа за сиот Израил да Го слави? Од Адам до Исус, Писмото ни покажува дека Божјите односи со главата на Неговиот народ се знак на Неговиот став кон целиот народ. Сведоштвото на Езекија за Божјата милост кон него стана причина за целото собрание да Го слави Бог со него (стр. 49).“ Мајкл Лефевр, Singing the Songs of Jesus.
  9. Треба да биде јасно дека некои од овие песни се јасно дадени за одредено време и место и не биле наменети да се користат во јавното богослужение. На пример, „втората Песна на Мојсеј (Второзаконие 32) не била дадена, дури и во нејзиниот првобитен контекст, како песна за славење, туку како песна на предупредување за децата на Израил. Не била дадена за да се „пее за Господа“, туку како што е наведено во Повторени Закони 31:19-22, како сведок на Господ кој зборува до Неговиот народ, против нив. Јасно е од наведената употреба на оваа песна од страна на Господ дека таа никогаш не била наменета од Него да биде песна „нагорно насочена“, односно да се искачува до Него како принос на усните (Евреите 13:15), туку како песна на сведок и предупредување од Него до Неговиот народ.“ Пречесен Тод Радел[3]
    Т.н. песни на Захарија, Марија и Симеон (во Лука 1 и 2) се, всушност, повеќе пророчки изреки отколку испеани песни, и јасно се за определени времиња и луѓе (види Лука 1:47,76 и 2:26) кои, иако значајни за нашето откупување (бидејќи се однесуваат на воплотувањето и спасението на Господ Исус), не мора да значи дека треба да се користат за црковното пеење на славење на Божјиот народ. Всушност, немаме докази во Писмото дека тие биле наменети да се користат во црковното богослужение.
    Исто така, разгледајте го случајот со песните од Откровение: „1. Овие песни се сите инспирирани од Духот на Бог… Затоа, овие инспирирани песни не можат да дадат никаква основа за употреба на небоговдахновени песни во славењето на Бог. 2. Тие се пеат речиси исклучиво од ангели и прославени светии. 3. Тие се пеат на небото. Оттука, тие не се однесуваат на овој свет.“ В.Г. Мурхед „Псалмите во новозаветната црква“ (стр. 117) The Psalms in Worship (1907), уредено од Џон МекНаутер.
  10. Постои природен, откупително-историски развој што е откриен во Псалмите што ја демонстрира нивната примена во периодот на новозаветната црква. Тоа значи, очигледно е дека Бог имал намера Псалмите да станат нашата единствена песнарка: „Специфичниот збир од 150 Псалми зачуван во канонот е подготвен после периодот на прогонство во Вавилон, кога веќе немало крал во Ерусалим. Веројатно, изданието на Псалтирот кое е содржано во Библијата, е избор на Псалми, кои се специјално избрани и составени со цел за очекуваниот Месија (ф. 28 стр. 53)“ Мајкл Лефевр, Singing the Songs of Jesus.
  11. Ова е уште позначајно кога доаѓаме до новозаветната ера, каде не само што го гледаме усвојувањето на Псалмите без измена, туку и нема индикација дека се компонирале песни или пак дека се усвоило како замена или заповед за новозаветна книга со песни. Ова укажува на тоа дека Псалмите биле наменети да служат како „химнарка/песнарка“ на црквата сè до Господовиот Второ Доаѓање.

[1] Ова исто така ја нагласува уникатноста на содржината на библиската песна како тип што ретко, ако воопшто, се одразува во небоговдахновените химни.

[2] Ова сигурно не би го оправдало изобилството на химни што обично ги „потиснуваат“ псалмите од Писмото во повеќето песнарки.

[3] Прашање бр. 17: Што е со другите „песни“ во Библијата? Дали е во ред да се пеат и други боговдахновени делови од Писмото? | Исклучиво Псалмопеење